Магазин
На листата најпродавани телефони доминираат два производители
Половина од 2022 година ќе ја оставиме зад нас уште неколку дена. Ова е обично време кога добиваме различни извештаи од компании за истражување на пазарот.
Еден извештај, кој се однесува на продажбата на паметни телефони во четвртиот месец од оваа година, сега е објавен од агенцијата Counterpoint Research. Кој телефон беше најпродаван тој месец? Кој доминира? Еве листа на Топ 10.
Две компании – Apple и Samsung – имаа целосна доминација кога станува збор за продажбата на телефони во текот на април оваа година. На листата на Топ 10, само еден телефон не е на Samsung или на Apple. Apple има 5 iPhone на листата, додека Samsung има 4 свои телефони.
Најпродаван телефон во четвртиот месец од оваа година е iPhone 13 со удел од 5,5%. На второ место се најде најскапиот модел од минатогодишната серија на iPhone 13 – iPhone 13 Pro Max, кој имаше удел од 3,4%. Трет беше iPhone 13 Pro со удел од 1,8%, додека на четврто место беше iPhone 12 од 2020 година со удел од 1,6%.
По серија од четири телефони на Apple, телефоните на јужнокорејската компанија Samsung се најдоа на петтото и шестото место. Петти беше Samsung Galaxy S22 Ultra 5G со удел од 1,5%, додека шести беше Samsung Galaxy A13 со удел од 1,4%.
Седмото место го зазеде iPhone SE 2022, трет од генерацијата SE iPhone, со удел од 1,4%, додека на осмото е евтиниот Samsung Galaxy A03 Core со удел од исто така 1,4%. Деветтото место му припадна на главниот модел на Samsung од средниот сегмент за оваа година – телефонот Samsung Galaxy A53 5G, кој имаше удел од 1,3%.
Листата на Топ 10 ја затвора Redmi Note 11 LTE на Redmi, кој имаше пазарен удел од 1,3%.
Извор: B92
Магазин
За напредување на вашите мускули при вежбање, следните вообичаени грешки треба да ги одбегнувате
Изградбата на мускули и зајакнувањето на телото започнуваат веднаш штом ќе почнете да тренирате. Но, по одредено време, мускулите можат да се приспособат на истите вежби и да престанат да реагираат со нов напредок.
– „Секој тренинг носи одредено подобрување, но за мускулите да продолжат да се развиваат, мора да ги стимулирате на правилен и паметен начин.“ – вели тренерот Денис Бојл, сопственик на фитнес центар
Многумина се соочуваат со период во кој тренираат редовно, но резултатите стагнираат. За да продолжите да напредувате, неопходно е да ги предизвикувате вашите мускули со нови пристапи и да ги избегнувате следниве вообичаени грешки.
Грешка 1: Ги запоставувате нозете
Често се фокусираме на горниот дел од телото градите, рацете, рамениците, а ги занемаруваме нозете, иако најсилните мускули се токму таму. Тренингот на нозете и глутеусот поттикнува ослободување хормони кои придонесуваат за општата сила. Почнете со клекнувања и исчекори, а потоа воведете и други вежби за долниот дел од телото.
Грешка 2: Претерано долго трчање
„Долгото трчање не е целосно губење време, но е близу до тоа“, вели Мајк.
Причината е што телото брзо се навикнува на повторувачки движења, па така трчањето не ги активира мускулните влакна кои се клучни за согорување масти и зајакнување. Наместо тоа, пробајте интервално трчање: 30 секунди брзо, една минута одмор повторено 10 пати. Ова ќе ја подобри вашата аеробна издржливост и ќе ви даде поефективно кардио.
Грешка 3: Преспоро кревање тежини
Побрзите движења при кревање тежини водат до побрз напредок.
Зошто?
Бидејќи на тој начин се активираат мускулните влакна задолжени за зголемување на мускулната маса. Следниот пат обидете се да кревајте со поголема експлозивност — тоа ќе го зголеми срцевиот ритам и ќе помогне во намалување на телесната тежина.
Грешка 4: Премногу се држите до комфорната зона
Не е доволно да ги правите само вежбите кои ви се лесни или добро познати. Вистинските спортисти активно работат на своите слабости.
Мајк советува почесто да се вежбаат сложени и предизвикувачки движења, како кревање шипка или влечење на шипка со тежина на сопственото тело. Овие вежби се тешки, но носат значајни резултати.
Хороскоп
Хороскоп за петок (28 ноември)
Овен
Денес, комуникацијата со луѓето е многу подобра од вообичаеното, искористете ја. Наизглед безначајна идеја во разговор со пријателите може да се претвори во нешто големо, што дури може да ви донесе и приход. Внимавајте да не го запоставите партнерот.
Бик
Вашата денешна решителност може да ве однесе далеку, затоа не дозволувајте другите да ве поколебаат во вашите планови. Работевте напорно во претходниот период, а сега ви се исплати. Можни се мали несогласувања, затоа избегнувајте расправии со блиски луѓе.
Близнаци
Ве очекуваат некои промени кои би можеле да бидат многу добри за вас, затоа не ги отфрлајте на почетокот. Ќе наидете на мали пречки при реализација на вашите планови, но со вашата креативност лесно ќе ги надминете. Ако сепак ви се чини дека не можете сами, побарајте помош од пријателите, тие се со вас.
Рак
Пред вас е ден од бајките, ѕвездите се целосно на ваша страна! Гледајте на работите од поинаков агол од вообичаеното, читајте меѓу редови што ви кажуваат луѓето – не се обидуваат да ве измамат, но на овој начин ќе дојдете до одлични идеи. Се чувствувате одлично.
Лав
Фокусирајте се на работата во првиот дел од денот, правете колку што можете повеќе бидејќи денес можете се. Попладне, одвојте време за дружење за да ги наполните батериите. Внимавајте на исхраната, склони сте кон дебелеење.
Девица
Добро сте организирани, но денес се околу вас е во хаос и тоа не ви оди баш најдобро. Потпрете се на колегите за полесно да го поминете денот на работа. Односот со партнерот е добар.
Вага
Многу сте креативни и тоа ви помага да постигнете одлични резултати на работа денес. Еден од вашите пријатели не е сосема искрен со вас, отворете ги очите. Можна е главоболка, пијте повеќе вода.
Шкорпија
Сакате сите да обрнат внимание на вас денес, а ако тоа не се случи, нема да бидете во право. Проверете сè што правите на работа двапати бидејќи сте склони кон грешки. Слободно, можно е личност од минатото повторно да стапи во контакт со вас.
Стрелец
Стрелците кои се занимаваат со некоја креативна работа денеска ќе бидат особено инспирирани. Доста се двоумите, па би било добро да избегнувате да носите одлуки денес доколку можете. Одете на стоматолог превентивно.
Јарец
Сè ви оди толку глатко, што и самите сте воодушевени. Користете го за да завршите што е можно повеќе обврски. И вашата комуникација е подобра од вообичаено, па можете да решите некои стари несогласувања. Бидете физички поактивни.
Водолија
Поминете го денот правејќи нешто што ве исполнува, тоа е единствениот начин да ја избегнете нервозата. Ќе уживате да поминувате време со блиски луѓе. Здравјето ви е одлично, но би било добро да се одморите уште малку.
Риби
Некои непланирани настани би можеле малку да ве вознемират, но разговорот со пријателите ќе ви помогне да најдете рамнотежа. Направете нешто што ве релаксира, било да е тоа читање, одење, слушање музика… Не дозволувајте вашиот партнер да страда поради вашата нервоза.
Lifestyle
„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.
Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.
Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.
За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.
ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling“
-
Кичево7 часаКичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Хороскоп23 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Lifestyle1 ден„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Македонија1 денБензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
-
Македонија2 денаАМСМ: На патниот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на патот, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента
