Магазин
ЕУ воведува систем кој ќе ја контролира брзината на возење на сите нови возила од 2024 година
Луѓето велат „да се толерира десет километри побрзо од лимитот“. Меѓутоа, ако се побара од Европската Унија, тие нема да толерираат ни надминување на неколку километри на час, а камоли десет. Имено, Mashable пренесува дека Европската унија донела одлука за задолжителен софтвер кој осигурува возачите да го почитуваат максималното ограничување на брзината на патот.
Во што е работата
Сите во одреден момент го имаме надминато ограничувањето на брзината, некои помалку, а некои повеќе, додека некои платиле и казни. Сепак, иако има моменти кога ваквите потези изгледаат безопасно, вистината е дека тоа е практика која барем до одреден степен треба да се спречи. Токму на овие принципи работи софтверот за автомобили наречен Intelligent Speed Assistance, скратено ISA. Почнувајќи од јули 2024 година, овој систем ќе стане задолжителен дел на сите нови возила што се продаваат во Европската унија. За каков програм поточно се работи?
ISA користи камери, сензори, мапи и машинско учење за да провери дали возачот го следи ограничувањето на брзината, дали се работи за камион, автомобил или друго превозно средство. Доколку се открие пречекорување, оваа програма ќе користи неколку различни методи за предупредување на возачот додека има информации и ќе може да го забави движењето на возилото за да ја врати брзината во законските граници. Целта на сето ова е да се намалат сообраќајните незгоди, особено оние со смртен исход.
Статистика
Според истражувањето на Европската комисија, пребрзото возење е причина за 30% од сообраќајните незгоди со смртен исход. Пилот-проектот наречен PROSPER ги пресмета ефектите што софтверот ISA може да ги има врз овие проценти и податоците се многу интересни. Според ова истражување, примената на МСР во сите возила би довело до намалување на смртноста во сообраќајните незгоди меѓу 19% и 28% во зависност од државата и состојбата на патиштата во таа земја.
Сепак, овие проценти би биле уште подобри доколку се спроведе сериозна контрола на имплементираниот софтвер. Во случај Европската унија да постави јасни регулативи и барања поврзани со функционирањето на софтверот кои би биле идентични за сите возила (и што не би зависеле од волјата на производителите на автомобили), намалување на сообраќајните несреќи со смртен исход. би бил помеѓу 26% и 50%, што е веќе многу значајно.
Не е се така црно
Како би функционирало сето тоа во пракса? За почеток, ISA ќе има на располагање неколку системи за предупредување на возачот. Ќе има звучно предупредување, предупредување за вибрации, „хhaptic feedback“ преку педалата за гас, додека конечното решение би било намалување на брзината од самиот софтвер. Засега изборот на методот за предупредување треба да зависи од самите производители на автомобили, освен ако Европската комисија не одлучи за единствено решение.
Конечно, треба да се нагласи дека возачот ќе може да ги заобиколи овие забрани или целосно да го исклучи, барем во почетниот период на имплементација додека возачите не се навикнат на тоа. После тоа, сите одлуки за принципите на функционирање на софтверот ISA ќе бидат во рацете на европските законодавни тела.
Извор: benchmark
Хороскоп
Хороскоп за недела (2 ноември)
ОВЕН
Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и се посветите на саканата личност ако сакате вашиот однос да води до брак и заедница во иднина. Најдете време за одмор.
БИК
Можеби очекувате премногу на деловно поле од денешниот ден. Не би било добро да се залетувате со вложувања. Поработете на комуникацијата со партнерот за да се подобри односот. Можни се проблеми со срцето.
БЛИЗНАЦИ
Можеби ќе добиете можност за промена на работното место или ќе имате работа поврзана со странство. Ви делува дека партнерот прилично е затворен и не ви се допаѓа неговиот пристап кон вас. Проблеми со забите.
РАК
На деловно поле нагласена ви е неповолна фаза. Ве очекува период кој може да ви биде променлив. Флертувате и не ви е лесно да се одлучите само за една личност, бидејќи имате многу додворувачи. Здравјето е сѐ подобро.
ЛАВ
Максимално се трудите на деловно поле да остварите добар имиџ и добар однос со соработниците. По искрениот разговор со саканата личност може да очекувате некаков вид на олеснување. Можни се проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
Се препорачува денес да се посветите на плановите на деловно поле. Потребно е да бидете тактични во некои моменти. Доколку сте во врска, можно е да имате помали проблеми со партнерот. Имате вишок енергија.
ВАГА
Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работата. Спремни сте да се посветите на своето напредување. Новото љубовно познанство во вас буди желба за влезете во сериозна љубовна врска. Одлично здравје.
ШКОРПИЈА
Можеби се трудите на деловно поле да го давате својот максимум, но не ви е лесно да остварите најдобри резултати. Може да очекувате позитивно решение за некои проблеми кои сте ги имале со партнерот. Посветете се на вежбање.
СТРЕЛЕЦ
Се преиспитувате себеси и доаѓате до заклучок дека е крајно време да го менувате своето работно место. Можеби сте разочарани поради врска од минатото. Дајте си себеси некое време да го преболите минатото. Внимавајте на исхраната.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате помали промени на деловно поле. Не ви е лесно да задржите сосема стабилна состојба. Потребно е да стекнете повеќе самодоверба за да ја пронајдете својата среќа на деловно поле. Работете на тоа да го зајакнете имунитетот.
ВОДОЛИЈА
Доколку сте посветени на остварувањето на деловните цели, потрудете се да бидете темелни во извршувањето на деловните задачи. Ќе остварите добра комуникација со партнерот кој ќе покаже дека ви дава поддршка. Водете сметка за градниот кош.
РИБИ
Почекајте на деловно поле да дојде до решавање на ситуацијата која ве загрижува. Овој период не ви е поволен. Сигурни сте во вашата љубов и посветени и сте на саканата личност. Може да очекувате задоволство. Солидно здравје.
Здравје и убавина
Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот на телото. Кога ќе воспоставите рутина која ги обединува овие две навики, можете да додадете и неколку едноставни, но ефективни стратегии што ќе ви помогнат побрзо да ја постигнете посакуваната форма и тежина.
1) Јадете само на маса
Доколку имате навика да јадете додека работите на компјутер, гледате телевизија, користите телефон или читате, време е да ја промените таа навика. Истражувања спроведени во Велика Британија покажуваат дека луѓето кои јадат „расеано“ внесуваат повеќе калории не само во текот на оброкот, туку и во остатокот од денот.
Затоа, трудете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги јадете на маса, без други активности околу вас. Фокусот на храната му овозможува на телото подобро да ја регистрира количината што ја внесувате, што пак создава подолготрајно чувство на ситост.
2) Користете помала чинија
Намалувањето на големината на чинијата може да доведе до природно намалување на количината на храна што ја консумирате дури и до 30%. Серверирајте ги оброците во помали садови и ќе го „измамите“ мозокот да се чувствува заситен со помал внес.
3) Спијте доволно
Недостигот на сон директно влијае на апетитот и изборот на храна. Кога сме уморни, организмот бара брза енергија обично во форма на шеќери и рафинирани јаглехидрати. Со доволно сон, полесно ќе ги контролирате желбите за нездрава храна и ќе го одржите метаболизмот во рамнотежа.
4) Осигурете си темна спална соба
Светлината во спалната соба може негативно да влијае на квалитетот на сонот, а со тоа и на процесот на слабеење. Според истражување објавено во American Journal of Epidemiology во 2014 година, жените кои спиеле во потемни простории имале 21% помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
Причината лежи во фактот што светлината го попречува лачењето на мелатонинот хормонот што го регулира сонот. Решението е едноставно: инвестирајте во завеси што целосно ја затемнуваат просторијата или користете маска за очи при спиење.
Заклучок:
Малите, но доследни промени во навиките можат да направат голема разлика. Вежбајте редовно, хранете се свесно, спијте доволно и создајте средина што го поддржува вашиот здрав животен стил.
Хороскоп
Месечен Хороскоп (ноември 2025)
ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.
БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.
БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.
РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.
ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.
ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.
ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.
ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана
ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.
РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.
-
Хороскоп1 денМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија21 часДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина15 часаТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема

