Македонија
Ноќниот радар коси, вчера санкционирани 133 возачи кои возеле побрзо
Во текот на изминатата вечер (14.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 133 возачи.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
При тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, известуваат од МВР
Македонија
Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење. Овој ден, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Нека е честит и вековит празникот на Македонската Револуционерна Организација.
/petrovec (архива)
Македонија
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит.
Македонија
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Lifestyle2 денаНајефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Временска прогноза18 часаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Магазин2 денаКрем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Магазин2 денаWhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Магазин2 денаOpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
