Македонија
СВР Охрид преку „Безбедно лето 2022“„ спроведе кампања „Заштити се од пожари на отворен простор“

Во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, СВР Охрид вчера (27.07.2022 година), на патот Охрид–Св.Наум, со кракот кон планината Галичица и Отешево, ја реализираа превентивната кампања „Заштити се од пожари на отворен простор“.
Притоа, претставници од Одделението за превенција и од Националниот парк „Галичица“ на граѓаните кои се движеа на тој потег им укажаа на опасностите и последиците од пожари и на потребата од безбедно движење и престој во планинскиот појас, на потребата од преземање мерки за заштита од пожари, а ги потсетија и на казнените одредби за непридржување кон законските обврски и им поделија летоци и друг едукативен материјал со практични совети за заштита од пожари на отворен простор.
Како дел од превентивниот проект „Безбедно лето“, беше реализирана и кампањата ,,Заштити се од кражби на плажа“. Притоа, на повеќе плажи на охридското крајбрежје беа остварени разговори со туристите и им беше укажано на потребата од поголема внимателност и заштита на паричниците и другите вредни лични предмети кои ги носат на плажа или ги оставаат во паркираните возила.
Полициските службеници поделија и летоци со едукативна содржина и практични мерки за поголема заштита од кражби на плажи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Македонија
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 34-та година, самостојна и независна Македонија!“
Македонија
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
-
Кичево2 дена
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Музика18 часа
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!
-
Кичево2 дена
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево24 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Спорт20 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија1 ден
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“