Технологија
Гејмерите повеќе го сакаат Windows 10 наместо популарно истакнатата 11-ка
Тековниот оперативен систем на Мајкрософт го загуби уделот на пазарот во текот на изминатиот месец на платформата Steam.
Виндоус 11 е најновиот и најдобар оперативен систем на Мајкрософт, и бидејќи платформата достигна широко усвојување, има смисла дека сè повеќе корисници ја испробуваат.
Сепак, според податоците објавени од платформата за игри на Valve Steam, некои корисници кои се обиделе со Windows 11, всушност потоа се префрлиле на Windows 10. Најновиот оперативен систем на Мајкрософт изгуби удел на пазарот во текот на изминатиот месец.
Windows и понатаму е водечка платформа за компјутери за игри, со пазарен удел од 97,03 отсто, што претставува зголемување од 0,66 отсто во споредба со претходниот месец.
Windows 10 64-bit беше најголемото изненадување во текот на јуни, забележувајќи рекорден раст од 1,91 отсто (држејќи 73,17% од пазарот). Windows 11 имаше пад од 0,11 отсто и сега држи 21,12 отсто од пазарот.
Кога станува збор за другите оперативни системи, macOS е втор најпопуларен избор, но со вкупен удел од само 1,74 проценти. Во текот на јуни, Linux постигна раст и сега има 1,23 отсто удел од уредите со инсталиран Steam.
/b92
Технологија
Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи лажни системски известувања и „ажурирања“ за да го заклучи екранот и да создаде чувство на итност, со цел жртвите да бидат принудени да стапат во контакт со напаѓачите.
Според Вишну Пратапагири, експерт за сајбер-безбедност од Zimperium, DroidLock е напреден ransomware кој целосно го онеспособува мобилниот уред. Иако не врши класична енкрипција на датотеки, неговите можности се далеку поопасни.
Малверот комуницира со командно-контролен сервер преку повеќе од десетина различни инструкции, што укажува на високо ниво на техничка сложеност. Со злоупотреба на администраторските привилегии, DroidLock може да го промени PIN-от, да го избрише уредот или трајно да го заклучи, оставајќи ја жртвата без пристап.
Особено загрижувачка е функцијата за кражба на чувствителни информации. Преку лажни преклопни екрани, малверот прибира шеми за отклучување, лозинки за апликации и други доверливи податоци, без знаење на корисникот.
DroidLock овозможува и далечински надзор — напаѓачите можат во реално време да го следат екранот, да управуваат со уредот преку VNC и да собираат податоци како лозинки, MFA кодови и приватна содржина. Истражувачите потврдија дека постои и можност за фотографирање преку предната камера.
Оваа закана е особено критична бидејќи мобилните телефони често претставуваат најслабата алка во корпоративната безбедност. Само еден клик на злонамерна врска може да резултира со целосна контрола врз уредот и сериозно нарушување на личните и деловните податоци.
Извор: vesti-online
Социјални мрежи
„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред екран. Во продолжение ги издвојуваме најновите статистики за најпреземаните апликации во светски рамки, како и споредба по платформи и категории.
Инстаграм ја задржа водечката позиција како најпреземана апликација на глобално ниво во октомври 2025 година, достигнувајќи 52 милиони преземања. Истовремено, таа е и најпреземаната социјална апликација за истиот период.
Во септември 2025 година пак беше ChatGPT искачен на врвот како најпреземана апликација со 45 милиони преземања.
Најпопуларни апликации во светот за Октомври 2025
Инстаграм доминираше со вкупно 52 милиони превземања преку „Google Play“ и „iOS App Store“, позиционирајќи се како најбараната апликација во светот за октомври 2025, пренесува backlinko.com.
| 1. Instagram | 52 million |
| 2. TikTok | 42 million |
| 3. Facebook | 36 million |
| 4. WhatsApp | 36 million |
| 5. Temu | 36 million |
| 6. Threads | 33 million |
| 7. ChatGPT | 32 million |
| 8. Telegram | 24 million |
| 9. CapCut | 23 million |
| 10. Meesho | 21 million |
Наскоро финишираат и статистиките за најсметнувани мобилни апликации за цела година 2025.
Извор: backlinko.com
Магазин
Грешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
Правилното полнење на паметниот телефон може значително да го продолжи животниот век на батеријата, да ја подобри издржливоста и да ви заштеди пари од скапи поправки или прерана замена. Иако телефоните станаа неопходен дел од секојдневниот живот, многу корисници несвесно прават грешки што полека, но сигурно ја оштетуваат батеријата.
Зошто батеријата е најважниот дел од телефонот
Литиум-јонските батерии, кои се стандард во модерните смартфони, со текот на времето природно стареат. Но со правилни навики може значително да се забави овој процес. Неправилното полнење предизвикува дополнително загревање, вишок полнење и зголемено хемиско оптоварување на батеријата – што директно го скратува нејзиниот век.
Најчестата грешка: Полнење до 100% и оставање на телефонот на полнач преку ноќ
Една од најштетните навики е полнењето на телефонот до 100% и држењето на полначот уште долго време по целосното полнење.
Според експертите, кога батеријата е целосно наполнета и останува поврзана на полнач, се јавува ефект наречен „trickle charging“ – микрополнења и микропразнења што создаваат топлина и непотребно ја оптоваруваат батеријата.
Многу луѓе го оставаат телефонот на полнач преку ноќ. Современите уреди имаат системи за заштита од преполнување, но тоа не го спречува тивкото, континуирано стареење на батеријата поради мали циклуси на полнење и празнење.
Како правилно да ги полните Android и iPhone уредите
Експертите препорачуваат батеријата најчесто да се одржува помеѓу 20% и 80%, бидејќи тоа е оптималниот опсег за долгорочно здравје.
Препорачани навики:
-
Полнете го телефонот кога ќе падне на 30–40%.
-
Исклучете го полначот кога ќе достигне 80–90%.
-
Избегнувајте полнење на високи температури или директно сонце.
-
Користете оригинален или сертифициран полнач.
-
Не го користете телефонот за тежоки задачи додека се полни.
-
Вклучете ги опциите за оптимизација на батеријата (Adaptive Charging, Optimized Battery Charging).
Дали брзото полнење е штетно?
Современите телефони имаат системи за термичка заштита кои го минимизираат ризикот од оштетување. Повремена употреба на брзо полнење не е опасна, но ако сакате максимален век на батеријата, најдобро е да го користите умерено, бидејќи создава дополнителна топлина.
Дополнителни совети за подолг живот на батеријата
За да го одржувате вашиот смартфон во најдобра форма:
-
Избегнувајте екстремни температури (жешко или многу студено).
-
Редовно ажурирајте го системот и апликациите.
-
Намалете ја осветленоста и исклучете непотребни функции (GPS, Bluetooth).
-
Користете режим за заштеда на батеријата кога ви е потребна повеќе издржливост.
-
Не дозволувајте батеријата да се испразни на 0% без потреба.
Кога е време за замена на батеријата?
Дури и со одлична грижа, сите батерии со тек на време губат капацитет.
Ако телефонот:
-
се празни побрзо од вообичаено,
-
бара често полнење,
-
се гаси на повисок процент,
можеби е време за замена. Повеќето производители сметаат дека батеријата е за замена кога ќе падне под 80% од оригиналниот капацитет.
Извор: Independent
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп23 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево11 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Технологија38 минутиОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
