Следете не

Македонија

МВР ги демантира гласините дека не биле платени придонеси за вработените!

Објавено пред

на

Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време.

Апелираме да не се шират дезинформации во јавноста, истакнаа од МВР

Македонија

Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

На 2 и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и многу поладен воздушен бран кој доаѓа од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Токму ова ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд , засилен ветер од северен правец и исклучително ладно време за самиот почеток на месец октомври. Температурите ќе бидат потпросечни дури и за околу 15 степени, што е премногу и е огромна негативна температурна аномалија.

Поради продорот на овој многу поладен бран на повисоките и на планинските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата снежна покривка за оваа сезона. На планините локално ќе се формира снежна покривка која ќе биде посериозна (над 30 сантиметри снег).

Не се исклучува можноста овој многу поладен и влажен бран да го донесе првиот снег за оваа сезона и на помала надморска височина (под 1000 метри) со што појава на снег има услови да има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од Македонија. Тоа значи дека превој „Стража“ кој е на нмв. од 1200м да не биде чудно и да изненади снег.

Температурите во овие два дена ќе бидат исклучително ниски и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени. На планинските места очекувам и негативни температури и појава на мраз, извести Славчо Попоски. Неговото директно вклучување може да го проследите ТУКА

Прочитај повеќе...

Македонија

Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици

Објавено пред

на

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија.

Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км/ч на место каде е дозволено 110 км/ч

Објавено пред

на

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија46 минути

Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран

На 2 и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (30 септември)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево22 часа

(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ својата славна приказна ја заврши таму каде што истата продолжува – во срцето на...

Автомобили24 часа

Доаѓа ли електричниот Volkswagen Lupo?

Фолксваген повторно може да оживее име кое одамна не сме го слушнале – Lupo. Со новиот градски електричен автомобил, компанијата...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин24 часа

Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови

Батеријата, падовите на системот и слабите перформанси се меѓу најчестите проблеми со паметните телефони. Ново истражување на организацијата Which? ги...

Фото: PlanetCare @ unsplash Фото: PlanetCare @ unsplash
Lifestyle24 часа

Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето

Многумина се соочуваат со ист проблем: облеката изгледа чиста по перењето, но свежиот мирис многу брзо исчезнува. Понекогаш, дури и...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин24 часа

Google Play станува поперсонализиран

Google најави воведување на нов централизиран User Hub во рамки на Google Play, со цел да се овозможи повеќе personalized...

Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash Фото: Timothy Hales Bennett @ Unsplash
Магазин24 часа

Facebook воведува асистент со вештачка интелигенција за запознавање

Мета ја претстави најновата функција во рамки на Facebook Dating – асистент со вештачка интелигенција, кој има цел да им...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин24 часа

ChatGPT Pulse ви ги носи утринските вести врз основа на вашите разговори

OpenAI ја претстави новата функција ChatGPT Pulse, која секое утро испорачува персонализирани вести и предлози врз основа на вашата историја...

Временска прогноза1 ден

Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен...

НАЈЧИТАНИ