Спорт
Женската селекција до 19 години на Македонија ќе одигра два контролни меча против Кипар

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Кипар.
Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот на ФК Турново, во Турново.
Првиот натпревар го играме на 4. септември во 16:30 часот, додека втората контролна пресметка е закажана на 6. септември, во 16.30 часот.
Селекторот на младата женска селекција на Македонија, Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Кристина Павлоска (Кул);
Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);
Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Михаела Настевска (Деспина), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ива Здравеска (Кул), Никита Стојчевска (Розенгард, Шведска);
Напад: Ивана Кузманоски (Англија), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Симона Мејиер (Кул);
Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе биде во хотел Истатов, Нов Дојран, во периодот од 1 до 7 септември.
Астрит Мерко, селектор на селекцијата на Македонија до 19 години:
– „Овие подготовки и контролни наптревари против Кипар се од голема важност, треба да работиме напорно оваа недела, се со цел што е можно подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во октомври. Се надевам дека на овој собир и квалификациите во октомври ќе успеам да го имам најдобриот состав на располагање.
– Кипар е одличен противник, ги познаваме добро нивните квалитети, минатата година успеавме да славиме победа над нив со 4:2 во Белорусија. Очекувам постепено да ја креваме нашата форма, верувам дека во октомври ќе бидеме целосно подготвени и во најдобар состав за квалификациите.”
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево2 дена
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Автомобили13 часа
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
-
Временска прогноза2 дена
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија1 ден
Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (12 октомври)
-
Спорт1 ден
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!