Следете не

Спорт

Судиска анализа на фудбалските натпревари од првата македонска фудбалска лига има и низа забелешки и погрешни одлуки

Објавено пред

на

Судиска комисија преку т.н. судиска анализа за 7.коло од ПРВА МФЛ за сезона 2022/23 ги разгледа спорните моменти на ПРВА МФЛ и ги истакна следните заклучоци:

На натпреварот  ФK Македонија Ѓ.П – ФK Силекс одигран на 10.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 28. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

28. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на Силекс ја имаше топката во свој посед близу аут линијата, на него со силен интензитет во пределот на ногата и без да има шанса да игра со топката стартуваше играч од екипата на Македонија и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар и доделен втор жолт картон за играчот на Македонија за неспортскиот старт, бидејќи тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  ФК Шкупи – ФК Работнички одигран на 11.09.2022 година, анализирани  се ситуацииите од 5. и 9. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин;

5. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар во шеснаесетникот на Работнички, топката дојде до играч од нападот на Шкупи кој во моментот на центрирање беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Работнички и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија играта да продолжи, бидејќи играчот кога ја прими топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната, голот е регуларен.

9. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН Картон)

Играч од нападот на Шкупи одзема топка од одбраната на Работнички и тргна сам кон голот на Работнички, одбранбениот играч го влечеше за дресот играчот од нападот спречувајќи очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен ЦРВЕН картон за спречување очигледна шанса за гол.

На натпреварот  ФК Тиквеш – ФК Академија Пандев одигран на 11.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 35. минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски;

35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Академија беше во посед на топката во шеснаесетникот на Тиквеш странично од голот, на него со лизгачки старт во нозете стартуваше голманот на Тиквеш и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден  удар од 11 метри поради неспортски старт.

На натпреварот  ФК Струга Трим Љум – ФК Скопје одигран на 11.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 52, 65. и 72. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Иле Мишевски;

52. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Играч од Струга центрираше кон соиграч шеснаесетникот на Скопје, соиграчот во моментот на центрирањето беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Скопје и постигна гол.

Погрешна одлука на  помошниот судијата што дозволи голот да се признае, бидејќи играчот на Струга во моментот на додавање се наоѓаше во недозволена офсајд позиција (беше понапред од претпоследниот одбранбен играч на Скопје)

65. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Скопје беше во посед на топката во шеснаесетникот на Струга, на него стартуваше играч од одбраната на Струга и направи прекршок (старт на нога).

Погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар, стартот на одбранбениот играч на Струга беше зад линијата од шеснаесетникот и требаше да биде досуден удар од 11 метри.

72. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на Струга шутираше кон голот на Скопје и постигна гол, меѓутоа во моментот на шутот пред голманот, односно во неговото видно поле стоеше соиграч на играчот на Струга и му пречеше во неговата реакција.

Исправна одлука на помошниот судија, голот исправно поништен и досудено офсајд позиција, бидејќи во моментот на шут, играчот на Струга преќеше во видното поле на голман.

На натпреварот ФК Победа – ФК Брегалница одигран на 11.09.2022 година анализирана е ситуацијата од 90+1 минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

90+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар)

Играч од одбраната на Победа и играч од нападот на Брегалница беа во борба за топка во голмански простор, при што играчот од нападот од зад грб со раце го турна играчот од одбраната кој потоа паѓа и ја удира топката со рака.

Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар за играчот од одбраната поради туркање од зад грб од противнички играч.

Судиска анализа за 4 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 4. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Пелистер – ФК Гостивар одигран на 10.09.2022 година, анализирани  се ситуациите од 25. и 30. минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Лика Куштрим и Зоран Јанкуловски;

27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Гостивар, играч од екипата на Пелистер со глава ја додаде топката кон соиграч, во моментот кога соиграчот сакаше да игра со топката беше удрен со силен интензитет во долниот дел од стапалото од играч од екипата на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартот кој беше недозволен и со силен интензитет.

30. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Гостивар центрираше странично од шеснаесетникот на Пелистер, на самата линија од шеснаесетникот, играч од екипата на Пелистер сакајќи да ја блокира топката го удри во телото (стомак).

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри бидејки немаше елементи за тоа, топката го удри играчот во телото. Во оваа ситуација судијата не беше добро поставен и затоа имаше погрешна проценка.

На натпреварот ФК Воска – ФК Беса одигран на 10.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 56. и 63. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов;

56. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Беса во шеснаесетникот на Воска додаде топка до соиграч, на самото примање на топката дојде до минимален контакт со играч од екипата на Воска и тој контакт играчот го искористи да падне сакајќи да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација судијата беше одлично поставен.

63. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА ГЛАВЕН СУДИЈА И ПРВ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон).

Додадена долга топка кон шеснаесетникот на екипата на Беса, голманот на Беса го напушти својот шеснаесетникот и на околу 30 метри централно од својот гол ја фати топката со раце спречувајќи го играчот од екипата на Воска кој беше во очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија и одлична соработка со првиот помошен судија кој даде правилна информација, доделен ЦРВЕН картон за голманот кој игра со раце надвор од својот шеснаесетникот, спречувајќи очигледна шанса за гол.

На натпреварот ФК Арсими – ФК Охрид одигран на 10.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 45. минута.

Главен судија: Александар Василевски; Помошни судии: Влатко Ѓошевски и Филип Николов;

45. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Охрид беше во посед на топка во шеснаесетникот на Арсими, паралелно со него имаше играч од одбраната на Арсими, играчот на Охрид си даде долг фор на топката и кога виде дека не може да ја стигне после два метра падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.

На натпреварот ФК Слога Виница – ФК Саса одигран на 10.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 23. и 27. минута

Главен судија: Бенјамин Керими; Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Филип Ицковски;

23. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Слога прими топка странично свртен на пет метри од голот на Саса, играч од екипата на Саса минимално со една рака го повлече играчот, кој тој контакт го искористи сакајќи да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, контактот беше минимален и со една рака, недоволен за да се досуди удар од 11 метри.

27. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Слога беше во посед на топка на самата линија од шеснаесетникот на Саса, странично од голот и со грб свртен. Зад него стоеше одбранбен играч од екипата на Саса и дојде до минимален контакт, кој играчот сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален и без интензитет за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација судијата беше одлично поставен.

На натпреварот ФК Кожув – ФК Детонит одигран на 10.09.2022 година анализирани се ситуациите од 7. и 47. минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошни судии: Климент Ристоски и Јован Анѓелкоски;

7. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на Кожув ја прими топката во шеснаесетникот странично од голот на гостите, до него на половина метро растојание стоеше играч од екипата на Детонит, сакајќи да ја додаде топка до соиграч топката го удри играчот од гостите во рака која му беше во природна положба и многу кратка дистанца (половина метро).

Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи бидејќи раката на играчот беше во природна положба и многу кратка дистанца.

47. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Додадена топка во шеснаесетникот на екипата на Детонит, во моментот кога играчот од нападот на Кожув сакаше да игра со топката беше удрен со силен интензитет во долниот дел од стапалото од играч од екипата на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартот кој беше недозволен и со силен интензитет.

На натпреварот ФК Вардар – ФК Борец одигран на 10.09.2022 година анализирана е ситуацијата од 45+1 минута

Главен судија: Пларент Салихи; Помошни судии: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи;

45+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на екипата на Вардар прими топка странично од голот на Борец , во моментот кога му беше додадена топката беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на Борец,  ја центрираше топката во шеснаесетникот и негов соиграч постигна гол.

Исправна одлука на помошниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи во момент на додавање на топката  од соиграч играчот од екипата на Вардар беше во линија со претпоследниот играч на Борец. Голот е регуларен.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.

– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА

Нека е со среќа!

Прочитај повеќе...

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за недела (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Временска прогноза9 часа

Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме...

Македонија12 часа

(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата

На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, за посетителите денес се реализира настанот „До вас, за вас“, а изложи дел од опремата,...

Култура17 часа

(ВИДЕО) Кичевчани помеѓу соговорниците одговараа пред камерите во проектот „Што значи за тебе Македонија“

„Македонски Завет“ како патриотско здружение, сака да ја претстави вистинската вредност на патриотизмот, а патриотизмот не се темели само на...

Кичево19 часа

„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!

Ве покануваме на музичката гала вечер „Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна манифестација исполнета со ритам, емоции и македонска музика! Подгответе...

Македонија20 часа

Албански државјанин на „Ќафасан“ во документи ставил пари, бил приведен од РЦ Запад

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (26 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Кичево2 дена

Во понеделник ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времено без електрична енергија ќе биде кичевското село Другово

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на 28.07 – понеделник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен,...

Македонија2 дена

Утре на градскиот плоштад во Охрид, македонската Полиција ќе реализира националната кампања „До вас, за вас“, како форма за приближување на полицијата до граѓаните

Утре (26.07.2025 година) во Охрид ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува...

Lifestyle2 дена

Дали премногу често имате столица? Еве што значи тоа за вашето здравје

Сè е индивидуално, велат експертите, а следниве фактори можат да влијаат на фреквенцијата на празнење на цревата. Честото одење во...

НАЈЧИТАНИ