Спорт
Судиите супериорни во 1/6 финалните натпревари во фудбалскиот „Куп на Македонија“, додека репрезентацијата до 17 години поразена од Албанија

Судиска анализа куп 1/6 финални натпревари одиграни на 14.09.2022 (среда)
СЛОГА ВИНИЦА – БРЕГАЛНИЦА
Судии: Ралевски Благојче, Степановски Петар, Дрнковски Николче и Митревски Владимир
Анализирана е ситуацијата во 27. минута.
Во 27. минута од натпреварот, при центаршут од левата страна, домашен одбранбен играч го оттурнува навалниот играч во сопствениот шеснаесетник. Главниот судија оправдано досуди казнен удар и при тоа не додели опомена. ИСПРАВНА ОДЛУКА на главниот судија, досуден казнен удар за гостинската екипа. Истиот беше реализиран.
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Судии: Младеновски Марјан, Ристоски Климент, Анѓелкоски Јован и Јовчески Дарко
Анализирани се ситуациите во 39. и 68. минута.
Во 39. минута од натпреварот, при еден центаршут од слободен удар, играч на Гостивар кој за цело време пред и по центаршутот се наоѓа во офсајд позиција, стои понапред од претпоследниот играч на гостинската екипа и истиот се придвижува напред и постигнува гол. ИСПРАВНА ОДЛУКА на вториот асистент судија кој рекламираше офсајд позиција и во соработка со главниот судија го поништија погодокот.
Во 68. минута од натпреварот при една мешаница во гостинскиот шеснаесетник, играч на домашаната екипа кој при додавање кон него се наоѓа во офсајд позиција, истиот се активира враќајки се од офсајд и прв стигнува до топка пред одбранбениот играч кој сака да ја избие топката и неспретно го шутира играчот место топката. Судијата свири прекин на играта и во исто време добива информација од првиот асистент дека фаулираниот играч се активирал од офсајд позиција и во соработка донесуваат ИСПРАВНА ОДЛУКА, офсајд за одбранбената екипа.
ОБЈАСНУВАЊЕ: Во иста ситуација ако прво играчот се наоѓа во офсајд позиција, а дури потоа врз него се направи прекршок, се зема првиот прекршок во ситуацијата, а тоа е ОФСАЈД.
На останатите натпревари немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од соодветната селекција на Албанија со 2:0 на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Натпреварот беше одигран на стадионото Елбасан, во Албанија.
Младите репрезентативци предводени од селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за неколкуте прилики што не успеаа да ги претворат во гол на денешниот натпревар.
Противникот успеа да искористи неколку наши грешки во нашата одбраната и да слави победа.
Првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции што се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга, заврши без победник 3:3.
Македонија: Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Амар Хаџибулиќ;
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
Спорт
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.
Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.
– Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.
Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.
Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.
Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.
Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.
Ова се денешните резултати:
- Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
- Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
- Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
- Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3
Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.
Распоред на натпревари:
1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)
За полуфинална борба:
1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец
Спортски поздрав, се гледаме таму!
-
Кичево22 часа
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Македонија18 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје14 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија22 часа
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден