Спорт
Поради повреди Милевски нема да смета на Чурлинов, Ристовски и Етеми, додека репрезентативците до 21 година се подготвуваат за турнирот во Хрватска
Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември).
Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија.
Нашиот стручен штаб подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.
Македонската репрезентација денеска во 17:30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките.
Додека пак репрезентативците до 21 година на Канатларовски во Скопје официјално ги започна подготовките во пресрет на силниот контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска. Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драги Канатларовски не го крие задоволството што Македонија ќе има прилика да учествува на еден силен меѓународен турнир каде што учество ќе земат и квалитетни селекции како Хрватска, Албанија и Саудиска Арабија.
– „По консултациите со мојот тимот за одигрување на што поголем број контролни натпревари, се со цел што подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во март, можам да изразам задоволство што ќе учествуваме на еден ваков силен турнир во Хрватска. Ова е наш втор собир, првиот собир на оваа генерација беше во јуни каде што одлично стартувавме, забележавме две победи над Бих. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме, со квалитетна игра, голема пожртвуваност и желба за победа. Од натпревар во натпревар ќе се обидеме да ја подобриме нашата играта и да растеме и напредуваме заедно како тим. Вредно и напорно работиме, се трудиме сите заедно максимално на секој тренинг. Ме радува фактот што ги имаме сите играчи на располагање, во Хрватска ќе ни се придружи и Кристијан Тасевски. Оваа репрезентација поседува квалитет и знаење, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа.”
Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември. Три дена подооцна силите ќе ги одмериме со селекцијата на Саудиска Арабија.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
