Спорт
УНИЦЕФ склучи партнерство со ФФМ, Сејдини со порака да ги почитуваме правата на децата, да даваме еднакви можности на сите!

Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија објавија ново партнерство поврзано со Светскиот ден на детето, со кое ќе ја промовираат важноста на инклузијата, недискриминацијата и еднаквоста на децата и младите во спортот и во игрите.
Оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим.
„Без разлика за која држава навиваме на Светското првенство, кога станува збор за правата на децата, сите сме во ист тим. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, заштитено и уважено“, изјави претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. „Спортот и играта се повеќе од само забава.За децата тие создаваат чувство на припадност кон заедница, можност да споделуваат заеднички успеси или порази, и да учат важни животни поуки за тоа што е почит, вклученост, соработка и лидерство“.
„Драго ни е што оваа година, по повод Светскиот ден на детето, во соработка со УНИЦЕФ и пред почетокот на Светското фудбалско првенство, имаме можност да испратиме заедничка порака за вклученост, недискриминација и почитување на детските права,“ рече претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини. “Пораката што ќе ја испратат нашите фудбалери е потсетник за секој од нас да ги почитува правата на децата, да даваме еднакви можности на сите деца, квалитетно и инклузивно образование, живот во здрава животна средина и добро ментално здравје. Се обидуваме фудбалот да го направиме место за пример каде ќе се почитуваат детските права и ќе им се даваат шанси на сите деца, но и платформа од која ќе повикуваме и другите актери во нашето општество да го сторат истото“.
Иницијативата ќе опфати заедничка мултимедијална кампања под мотото „Сите сме во ист тим кога се работи за децата“ со фудбалери од државната репрезентација и деца од различно потекло, со заедничко испраќање позитивни пораки за еднаквост и инклузија на секое дете. На Светскиот ден на детето, на 20. ноември, ќе се одржи пријателски фудбалски натпревар помеѓу фудбалери од репрезентацијата и децата.
Со ова партнерство УНИЦЕФ и ФФМ имаат за цел да отпочнат јавна дискусија и да ја подигнат свеста за правото на игра на децата со попреченост, вклучување на девојчињата во спортот, залагање за правата на сите деца во спортот и важноста на спортот и играта за личната добросостојба и цврстината на менталното здравје кај децата и младите.
За Светскиот ден на детето
Светскиот ден на детето, кој се одржува секоја година на 20 ноември, на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, ги истакнува критичните теми кои влијаат врз животот на децата и ја поддржува општествената ангажираност на децата и младите како застапници за нивните права.
Во претходните години УНИЦЕФ во Македонија успешно организираше манифестации на високо ниво во кои децата преземаа водство на седници во соработка со Владата, клучни министерства, како и Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Оваа година, надоврзувајќи се на возбудата низ целиот свет околу Светското фудбалско првенство, Светскиот ден на детето го насочува вниманието на заедниците кон играта, спортот и детските права.
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Кичево16 часа
Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги
-
Кичево4 часа
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за среда (8 октомври)
-
Македонија2 дена
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија1 ден
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника1 ден
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Македонија1 час
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!