Македонија
АМСМ: Важна информација за патниот правец Велес – Градско, како и Ново Лагово – Боротино

Од 28.09.2022 ќе започнат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино така што сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 09ч. до 16.00ч секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.
Во однос на објектот ,,Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo”. Ве известуваме дека поради градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од утре (28.09.2022 год.) во наредните 9 месеци, согласно одобрениот времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза21 час
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија1 ден
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт18 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Скопје1 ден
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили17 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот