Спорт
ФФМ распишува конкурс за тренерски курсеви во различни нивоа за лиценци

Македонската фудбалска федерација во рамките на својот едукативен центар е во активна изработка на детален годишен план за курсеви за тренери на различни нивоа на едукација за сезона 2022-2023. За таа цел информираат дека секој заинтересиран кандидат е неопходно да пополни прашалник кој е отворен до 16.10.2022. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои го изразиле својот интерес преку пополнувањето на прашалникот.
Непополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на курсевите кои би се организирале/започнале до крајот на 2022, а следна можност за пријавување заинтересираните кандидати би имале најрано во Јануари 2023, а за курсеви кои би се организирале не порано од Април 2023.
Кон пополнување на прашалникот може да се пристапи на линкот ТУКА
Пред негово пополнување, од ФФМ апелираат за тоа добро да се погледнат критериумите за учество на секој курс поединечно објавени во детали во документот во прилог, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат условите за учество на курсот за кој се интересираат и кои им се можностите.
Воедно, информираат дека сите кандидати согласно актуелната тренерска конвенција, почетно ниво на тренерска едукација е УЕФА Ц диплома, воспоставена и од ФФМ почнувајќи од Мај 2022.
Кандидатите пак кои се интересираат за највисокото ниво на едукација – УЕФА ПРО диплома, конкурс за упис на следна генерација ФФМ не е во можност да објави пред пролет 2024.
На следниот линк ТУКА, ќе најдете основни критериуми за учество на едукативни курсеви во организација на „ЦЕ“ на ФФМ.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт2 дена
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин2 дена
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин2 дена
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Македонија15 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза19 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно