Следете не

Магазин

Претставени Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Минатата година Google го откри изгледот на серијата Google Pixel 7, кој природно ги заинтересира фановите. На чекањето конечно му дојде крајот, бидејќи денес американската компанија ги претстави Google Pixel 7 и Google Pixel 7 Pro.

Google Pixel 7 Pro

Телефонот не носи некои големи разлики во однос на неговиот претходник. Се напојува со новиот чип Tensor G2. Овој чип доаѓа со две Cortex-X1 јадра, две A76 и четири A55 јадра. Графичкиот процесор е Mali-G710 MC10, кој ветува дека ќе ги зголеми перформансите и ефикасноста во однос на G78. Чипот ги извршува задачите за машинско учење 60% побрзо и 20% поефикасно од неговиот претходник. Има различни функции за вештачка интелигенција, како што е Photo Blur за отстранување на заматување.

Овој чип е поврзан со 12 GB RAM и 128 GB, 256 GB или 512 GB внатрешна меморија. Нема слот за microSD картичка.

Кога станува збор за камерите, Pixel 7 Pro го има истиот сензор за главната камера од 50 MP како и неговиот претходник. Отворот на блендата е f/1,85. Има и ултра широка камера од 12 MP со автофокус. Главната камера доаѓа со поддршка за OIS и EIS и може да снима 4K видео со 30 и 60 fps, како и 10-битно HDR видео. Google работи со Snapchat и TikTok за уште подобри видеа на овие платформи.

Третиот сензор е телефото, кој доаѓа со 5x оптички зум и резолуција од 48MP.

На предната страна има 6,71-инчен AMOLED екран. Тоа е QHD+ LTPO панел со променлива стапка на освежување од 10-120 Hz. Заштитен е со Gorilla Glass Victus стакло. Под екранот има скенер за отпечатоци.

Батеријата има капацитет од 5000 mAh, но брзината на полнење не е одредена. Има и IP68 сертификат.

Google Pixel 7

Овој телефон доаѓа во многу помала големина. Има екран од 6,3 инчи. За споредба, тој е помал од Galaxy S22 и iPhone 14. Екранот е со AMOLED FHD+ резолуција. За жал, пристигнува со стапка на освежување од 90 Hz.

Го користи истиот чип како неговиот претходник, но со 8GB RAM и 128GB или 256GB внатрешна меморија. Двата телефони ќе добијат три надградби на Android и пет години безбедносни надградби. Главната и ултра-широка камера е иста како кај Pro моделот, додека нема телефото сензор.

Двата телефони имаат ист сензор за предна камера – 10,8 MP со видно поле од 93 степени, но и со фиксен фокус.

Pixel 7 има батерија од 4355 mAh.

Цената на телефонот Google Pixel 7 е 650 евра за верзијата од 128 GB.
Цената на телефонот Google Pixel 7 Pro е 900 евра за верзијата од 128 GB.

Магазин

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Објавено пред

на

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е не, ако телефонот се користи и полни правилно.

Модерна технологија и полнење
Литиум-јонските батерии кај паметните телефони не бараат целосно празнење пред полнење. Тие се дизајнирани за често и краткотрајно полнење, без ризик за траењето на батеријата.
Просечниот животен век е околу 2 до 3 години или 300 до 500 целосни циклуси, по што капацитетот се намалува за околу 20%.

Како правилно да го полните телефонот:
• Полнете го кога ви одговара, не чекајте да се испразни целосно.
• Одржувајте ја батеријата над 50% кога е можно.
• Избегнувајте батеријата редовно да паѓа под 20%.
• Не го оставајте телефонот долго време вклучен во струја откако ќе достигне 100%.
• Целосно празнење и полнење еднаш месечно може да помогне во калибрација на сензорот.

Малите дополнувања се добри
Честите мали полнења во текот на денот не ја оштетуваат батеријата. Напротив, помагаат да се одржи стабилно ниво на полнење и го продолжуваат нејзиниот век. Клучот е да се избегнуваат екстреми – батеријата да не паѓа често на 0% и да не се остава долго време целосно наполнета на полнач.

Извор: Kurir

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (2 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време.

БИК
Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ќе ги соберете денес ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да решите добар дел од проблемите со одење на патот. Љубовната врска ќе страда ако не и покажете на другата страна колку ја цените. Потрудете се и бидете благодарни денес.

БЛИЗНАЦИ
Обидете се да им посветите целосно внимание на вашите најблиски, особено ако тие започнат разговор за нешто што не ви изгледа интересно, но претставува нешто важно за другата страна. Доколку во последно време сте биле под преголем стрес, испланирајте попладне во природа или барем во друштво на драги пријатели. Ќе добиете совет од членовите на семејството.

РАК
Врската со личност што ја сакате и мислевте дека можете да и верувате, веројатно ќе биде главен извор на фрустрација денес. Колку и да сте разочарани, не се вклучувајте премногу во анализата бидејќи само ќе губите време. Не потпирајте се на други и не давајте ветувања кои не сте сигурни дека ќе можете или ќе сакате да ги исполните подоцна.

ЛАВ
Внимавајте што зборувате денес. Ако претерате со критиките или со толкувањето на неодамнешните негативни настани, може да започнете војна или да извадите на површина проблеми кои подоцна ќе ве доведат во непријатна положба. Во љубовта ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите што може да ве доведе до емоционални проблеми.

ДЕВИЦА
Слободно дружете се и забавувајте се, но обидете се да посветите доволно внимание и време на постарите и послабите членови на заедницата. Доколку сте во ново деловно опкружување, покажете како ги почитувате колегите кои имаат поголемо искуство. Во љубовта може да очекувате позитивен развој на ситуацијата откако на прво место ќе го ставите хуморот.

ВАГА
Не дозволувајте денот да ви го уништат луѓе кои сакаат да се чувствувате мали, безначајни или неспособни. Држете се настрана од оние кои се секогаш подготвени за неправедна критика и озборувања од другите. Емоционалните промени ќе се покажат како поволни. Немојте да ги криете или избегнувате луѓето кои се гласни, сакаат да претеруваат со хумор и да се фалат.

ШКОРПИЈА
Ако се чувствувате осамено или фрустрирано, обидете се да поминувате повеќе време во друштво на луѓе со кои секогаш можете да споделувате идеи. Патувањето би било идеално, но ако не сте во позиција да направите нешто такво, обидете се барем да промените нешто во вашата дневна рутина. Не се разочарувајте ако саканата личност не е дарежлива како што очекувавте.

СТРЕЛЕЦ
Не разговарајте премногу за вашите планови за иднината со луѓе на кои им е тешко да разберат што ве мотивира и како функционирате. Ако треба да се доверите некому, изберете блиски пријатели и членови на семејството. Во принцип, денес намалете ги деловните активности, особено ако некој врши притисок и постојано бара информации.

ЈАРЕЦ
Не секој ќе има разбирање за тоа што се обидувате да го направите, затоа обидете се да ги поедноставите работите. Ако видите дека нешто не оди добро, бидете трпеливи и почекајте подобар момент. Патувањето ќе си го земе данокот, најдобро би било да го избегнете. Обидете се да организирате дружење со важната личност со тоа што ќе ги контролирате емоциите, како и времето.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете доста емотивни, но во смисла дека лесно ќе се нервирате и најчесто ќе делувате дефанзивно. Не сфаќајте ништо премногу лично, но и не дозволувајте некој да ги извади вашите зборови од контекст или упорно да ве убедува да се карате со трето лице. Претерувањето ќе доведе до проблеми, па дури и до недостаток на поддршка.

РИБИ
Бидете искрени со себе и со оние што ги сакате. За сите останати, слободно постапете поладно и не откривајте што мислите дека не треба. На работа ќе ги изненадите колегите и претпоставените доколку направите повеќе отколку што се очекува. Токму така ќе ги импресионирате оние луѓе кои вообичаено не ве поддржувале во минатото.

Прочитај повеќе...

Магазин

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Објавено пред

на

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата.

За порта.мк истакна, “ме чекаа пред врата, за да ми ја пеат песната”

А на социјалните мрежи вели: Е ова е мојата најголема награда, ова е тој момент кој што ме прави најсреќен и најисполнет. Зарем има нешто послатко од тоа кога овие прекрасни дечиња ќе ве пречекаат пред вашиот дом за да ви го испеат вашиот рефрен. Епа горд сум што дечињата од мојот комшилук не слушаат ШУНД, туку си ја сакаат онаа нашата, Македонската 😊

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили7 минути

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин23 минути

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили29 минути

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин15 часа

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија19 часа

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle1 ден

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle1 ден

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин1 ден

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

Магазин1 ден

Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се гаси по 15 години

LG – еден од некогаш водечките производители на паметни телефони со Android – ја завршува својата приказна по 15 години...

НАЈЧИТАНИ