Кичево
Дина Јашари во Република 96250
Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена.
Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина Јашари на пиедесталот на новата локална музичка сцена.
Минатата година, покрај бројните настапи, го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.
Република 96250, Сабота (22 октомври 2022) со почеток од 21:00 часот, влез: 150 ден.
Повелете и уживајте во прекрасната музика.
Резервации: 078 322 615
Дина Јашари во Кичево доаѓа по освојувањето на наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доби за нејзината песна ДОМА.
Петок: Tomi Bojadzi, Second floor, почеток 21:00 часот

Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
-
Македонија1 денМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Македонија2 денаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина2 денаТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија24 часа„Google Maps“ има нова корисна функција
-
Магазин2 часаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин2 часаXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот






