Социјални мрежи
Покрај отпуштените работници, Маск на вработените нареди дека работата во Тwitter од дома веќе станува минато!

Елон Маск, мултимилијардерот кој ја презеде социјалната мрежа за 44 милијарди долари пред само две недели, отпушти половина од своите вработени и неколку директори и најави серија нови мерки, вклучувајќи наплата на 8 долари за претплата на Twitter Blue-значка.
Маск им кажал на вработените дека сака Twitter да добива половина од приходите од претплати, според извештајот на Bloomberg.
Кога Twitter повторно ги отвори своите канцеларии во март, на вработените им беше кажано дека сè уште можат да работат од дома ако сакаат.
Потегот на Маск ги отсликува неговите политики во другите компании, SpaceX и Tesla, каде што вработените исто така мора да поминуваат најмалку 40 часа неделно во канцеларија, а тој тоа јасно го истакнал пред вработените.
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

„WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.
Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.
Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.
Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.
Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.
Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Без категорија21 час
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Социјални мрежи19 часа
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Македонија1 час
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112