Следете не

Магазин

Дали Facebook ги прислушува телефонските разговори на своите корисници за реклами?

Објавено пред

на

Со години, корисниците на Facebook тврдат дека компанијата ги шпионира нивните разговори во реалниот свет за да им покаже релевантни реклами. Последното во низата вакви обвинувања против социјалната мрежа дојде од британски новинар кој за Мирор изјави дека е „избезумен“ откако се посомнева дека Facebook слушал два негови разговори.

Една вечер тој зборувал на телефон со својата баба за трупецот што требаше да се отстрани во нејзината градина, за да види реклама на Амазон за отстранување на трупци на Facebook следното утро. Во друг разговор со неговиот партнер за претстојниот одмор, тој спомнал авионски лет, за еден час подоцна да се појави оглас на Facebook од Jet2.com и од компанијата наречена Jet2holidays.

Кога корисниците пребаруваат на Интернет или кликнуваат на одредени написи, податоците се собираат и се користат за прикажување на „таргетирани“ реклами врз основа на пребарувањето, а таквите реклами наскоро може да се појават во нивниот newsfeedu на Facebook.

Но, новинарот кој зборуваше за Мирор вели дека ниту пред ниту по тие разговори не пребарувал во својот компјутер или телефон за нешто поврзано со темите за кои разговарал на телефон, ниту, пак, никаде ги „лајкувал“ или коментирал наведените теми.

Со години се шпекулира дека Facebook преку микрофоните на нивните телефони ги „шпионира“ разговорите на своите корисници и ги користи за таргетирање реклами.

Од своја страна, Facebook постојано силно ги негираше овие наводи, инсистирајќи на тоа дека тие служат само реклами врз основа на интересите на корисниците и други лесно достапни податоци.

„Прикажуваме реклами врз основа на интересите на луѓето и други информации за профилот, а не она за што зборувате гласно“, се вели во соопштението на Facebook во 2016 година. „Ние пристапуваме до вашиот микрофон само ако сте дале дозвола за нашата апликација и ако сте се активни со помош на специфична функција која бара звук. Ова може да вклучува снимање видео или користење на опционална функција што ја воведовме пред две години за вклучување музика или друг звук во ажурирањата на вашиот статус“.

Самиот Марк Цукерберг, извршен директор на компанијата-мајка на Facebook, Мета, постојано ги негираше овие тврдења и ги опиша како „заговор“.

„Зборувате за оваа теорија на заговор која се шири дека слушаме што се случува на вашиот микрофон и го користиме за реклами. Ние не го правиме тоа“, му рече Цукерберг на американски политичар во Конгресот во април 2018 година.

Сепак, слични инциденти имало и претходно. Без разлика дали Facebook ја кажува вистината, ваквите примери покажуваат колку малку корисници и веруваат на компанија која знае толку многу за нив.

Lifestyle

Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството

Објавено пред

на

Фото: David Köhler @ unsplash

Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот избор.

Без конзерванси и вештачки бои, овој сок е здрав и полн со природна сладост што ја дава само зрелото грозје. Подготовката е едноставна, а резултатот е освежителен пијалок што може да го чувате и пиете преку целата година.

Состојки

  • 5 кг црно или бело грозје (зрело и слатко)

  • 1 литар вода

  • 500–700 г шеќер (по вкус)

  • сок од еден лимон (опционално, за свежина и подолго складирање)

Подготовка

  • Измијте го грозјето и одделете ги бобинките од стеблата. Отстранете оштетени или скапани зрна.

  • Ставете го грозјето со водата во голем сад и варете на средна температура околу 20–30 минути, сè додека бобинките не омекнат и не почнат да пукаат. Повремено мешајте и притискајте ги со вилушка за да ослободат повеќе сок.

  • Оставете ја смесата да се олади, а потоа процедете ја низ густа цедалка или газа.

  • Добиениот сок вратете го во чист сад, додадете шеќер по вкус и, ако сакате, сок од лимон. Варете уште 10–15 минути додека шеќерот целосно не се раствори.

  • Истурете го топлиот сок во стерилизирани стаклени шишиња, веднаш затворете ги и свртете ги наопаку на неколку минути за да се вакуумираат.

  • Оставете ги шишињата целосно да се изладат.

Резултатот е природен, ароматичен и вкусен сок кој ќе ве освежува во секое време од годината.

Извор: Nezavisne

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна

Објавено пред

на

Фото: Curious_Collectibles @ pixabay

Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки при користење дезодоранс. Некои го намалуваат неговото дејство, а една може да биде и опасна за кожата.

Нанесување на влажна кожа
По туширање, ако дезодорансот го нанесете додека кожата е сè уште влажна, тој нема добро да се задржи и ќе има послаб ефект.

  • Почекајте кожата целосно да се исуши пред да нанесете.

Тесна или синтетичка облека
Дури и најдобриот дезодоранс не помага ако кожата не може да дише. Синтетичките материјали и тесната облека ја задржуваат топлината и влагата, што предизвикува повеќе потење.

  • Изберете памук, лен или вискоза за свежина во текот на денот.

Нанесување врз испотена кожа
Многумина додаваат уште еден слој дезодоранс врз веќе испотена кожа, мислејќи дека ќе помогне. Всушност, тоа може да ја влоши ситуацијата и да предизвика иритации.

  • Прво избришете или измијте го пределот под пазувите, па потоа нанесете повторно.

Заборавање на ексфолијација
Под пазувите се акумулираат мртви клетки, исто како и на другите делови од телото. Тоа го намалува дејството на дезодорансот.

  • Направете нежен пилинг еднаш неделно – ќе имате подобра апсорпција, помал ризик од иритации и помазна кожа.

Со овие едноставни навики ќе овозможите дезодорансот да делува максимално и ќе ја зачувате кожата здрава и свежа.

Извор: Informer

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик

Објавено пред

на

Фото: Denny Müller @ unsplash

Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки, впивливи и пријатни на допир. Но со текот на времето, многу крпи стануваат груби, тврди и безживотни.

Причината најчесто не е квалитетот на материјалот, туку начинот на перење и одржување.

Зошто крпите стануваат груби?

  • Прекумерна употреба на омекнувач – влакната на крпите впиваат остатоци од омекнувач и детергент. Со текот на времето тие создаваат слој што ги прави тврдi и ја намалува нивната впивливост.

  • Тврда вода – минералите како калциум и магнезиум се врзуваат за ткаенината и ја губи мекоста.

  • Неправилно сушење – ако крпите останат во машината долго време или се сушат во затворен простор без доволна циркулација на воздух, тие добиваат непријатен мирис и стануваат „тешки“.

Природно решение – лимон

Наместо скапи хемикалии, решението се крие во кујната. Сокот од лимон е природна и ефикасна алтернатива за враќање на мекоста и свежината на крпите.

  • Лимонската киселина ги разградува наслагите од сапун и минерали.

  • Дејствува антибактериски и ја освежува ткаенината.

  • Природно ја избелува и осветлува бојата на крпите.

Како се користи?

  1. Ставете ги крпите во машината без да мешате со друга облека.

  2. Додадете 125 мл свеж сок од лимон во делот за омекнувач.

  3. Користете детергент како вообичаено, но без омекнувач.

  4. Вклучете топла програма за подобар ефект.

  5. По перењето, оставете ги крпите да се сушат на отворено и на сонце.

Совети за различни бои

  • За бели и светли крпи, лимонот е совршен – дава свежина, мекост и природно избелување.

  • За потемни крпи, подобро користете алкохолен оцет, кој ја има истата функција без да ја оштети бојата.

Зошто овој метод е најдобар?

  • Природен и безбеден – без вештачки хемикалии.

  • Економичен – не бара дополнителни трошоци.

  • Брз резултат – крпите стануваат меки и свежи уште по првото перење.

  • Подолг век на траење – се спречува оштетување на влакната.

Извор: SuperZena

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се...

Автомобили4 часа

Фолксваген продаде 1,5 милиони електрични автомобили и најави поевтини модели

Фолксваген постигна нов историски успех во преминот кон електрична мобилност – електричниот автомобил со сериски број 1.500.000 од семејството ID...

Lifestyle4 часа

Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството

Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот...

Lifestyle4 часа

Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна

Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки...

Lifestyle4 часа

Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик

Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки,...

Спорт5 часа

ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да...

Автомобили5 часа

Што знаеме за легендарниот „BMW E21“ кој ги освои сите симпатии на експертите и купувачите

Првата BMW Серија 3 (E21), претставена во 1975 година, создаде сосема нова класа на возила и стана најпродаваниот премиум автомобил...

Култура6 часа

Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!

Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу големите празници што ги чествува Православната Црква. Покрај неговото богословско значење, Преображението има и...

Македонија7 часа

(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22)...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден: 19 август

На денешен ден 19 август, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед на...

НАЈЧИТАНИ