Следете не

Здравје и убавина

Бактериските инфекции се втора причина за смртност во светот

Објавено пред

на

Научниците заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарните заболувања, меѓу кои се издвојуваат срцевите удари.

Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, покажа опсежната студија во која Staphylococcus aureus (златен стафилокок) и пневмококот се споменуваат како две најсмртоносните бактерии, пишува Hina, повикувајќи се на AFP.

Студијата, чии резултати беа објавени во магазинот Lancet, избра триесетина бактерии, најчести причинители на инфекции, а научниците се обидоа да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

Истражувањето е спроведено како дел од таканаречениот „глобален товар на болеста“.

Оваа огромна истражувачка програма, финансирана од фондацијата Бил Гејтс, е од неспоредливи размери и вклучува неколку илјади истражувачи од бројни земји ширум светот.

Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарната срцева болест, меѓу кои се издвојуваат срцевите удари.

Петте најсмртоносните бактерии

Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на последиците од инфекција со Staphylococcus aureus и пневмокок. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата COVID-19.

Од триесетте избрани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните случаи: staphylococcus aureus, Escherichia coli, pneumococcus, Klebsellia pneumoniae i bacillus pyocyanin.

Staphylococcus aureus е „главна причина за смрт од бактериска инфекција во 135 земји“, покажа студијата.

Но, кај децата на возраст под пет години, пневмококните инфекции се најсмртоносните.

Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет“ во јавното здравје.

Оттаму апелираат на ангажман за превенција од инфекции, помудро препишување на антибиотици, особено за да се избегне отпорност на овие лекови, како и поефикасна употреба на вакцините.

/Agencia

Здравје и убавина

Неколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Marie-Michèle Bouchard

Топењето на масните наслаги на кој било дел од телото не е процес што се случува преку ноќ. Потребни се време, трпение и доследност за да се постигнат видливи резултати. Не постои „чудотворна“ вежба што сама по себе ќе ги елиминира масните наслаги.

Кај голем број жени, особено во периодот пред менопауза, мастите полесно се таложат во пределот на нозете, а значајна улога во тоа имаат хормоналните промени во организмот. Во прилог неколку совети, истражувани во британско здружение истакнато пред неколку години

Кардио тренинзи
Доколку сакате да ја намалите вкупната телесна тежина, неопходно е да вклучите активности кои го забрзуваат срцевиот ритам. Кардио вежбите помагаат во согорување на калории, што е основа за намалување на масните наслаги. Возење велосипед, трчање или скокање јаже се одлични избори, а истовремено придонесуваат и за обликување и зацврстување на нозете.

Зголемете ја динамиката
Поефикасно трошење на калории се постигнува кога срцето работи побрзо. Трчање по скали или движење по нерамни терени е одличен начин да се постигне тоа. Овие активности го јакнат долниот дел од телото, вклучувајќи ги колковите и бутовите.

Внимавајте што јадете
Иако можеби звучи познато, појадокот не треба да се прескокнува. Тој го активира метаболизмот и му обезбедува на телото енергија за нормално функционирање во текот на денот. Балансиран и хранлив оброк му служи на организмот како гориво и помага сите телесни процеси да се одвиваат правилно.

Хидратација и квалитетен сон
Кога сте жедни, секогаш избирајте вода. Засладените пијалаци не ја заменуваат и можат дополнително да му наштетат на организмот. Водата не содржи калории и е неопходна за добра хидратација. Исто така, доволниот одмор и квалитетниот сон се исклучително важни, бидејќи истражувањата покажуваат дека одмореното тело поефикасно согорува масти.

Вежби насочени кон нозете
Покрај кардио активностите како трчање, пливање или возење велосипед, постојат и бројни вежби специјално наменети за нозете. Практикувајте ги секојдневно, барем по 15 минути. Така ќе создадете здрава навика за движење и ќе му помогнете на телото да складира помалку масни наслаги.

/таратур

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Објавено пред

на

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
ФОТО: Unsplash.com @ Jonas Kakaroto

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.

Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.

– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.

Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.

„Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.

Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.

/taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ i yunmai

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.

Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.

Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.

Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.

Извор: taratur

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина5 часа

Неколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени

Топењето на масните наслаги на кој било дел од телото не е процес што се случува преку ноќ. Потребни се...

Кичево9 часа

Пополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате

Кога ќе те прашаат: „Од кај си?“, ти им викаш: „Од Кичево“. Е, често пати потоа те гледаат коцкесто бидејќи...

Хороскоп21 час

Хороскоп за вторник (16 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Македонија1 ден

Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во...

Скопје1 ден

(ФОТО) Успешно реализиран првиот четиридневен „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје со над 1200 учесници од регионот и пошироко

Четиридневниот Startup Revolution AI Summit, одржан од 27 до 30 ноември 2025 година, го претвори Скопје во најголемиот собирен простор...

Кичево1 ден

ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда

На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle1 ден

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин1 ден

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

НАЈЧИТАНИ