Следете не

Временска прогноза

Доаѓа над просечно топло време, зимата ќе почека?

Објавено пред

на

Претежно облачното време и понатаму продолжува во Македонија. Повремено ќе има појава и на сончеви периоди а утре и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Снег ќе провејува само на највисоките планински места.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот утре, како и во текот на следната седмица повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, како утринските така и дневните и максималните дневни температури особено во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет а температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

НАПОМЕНА: Натпросечно високите температури на воздухот кој ќе ги имаме наутро и преку ден се резултат на јужното воздушно струење кое е, и ќе биде присутно во Македонија во следниот период.

Пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец.

– Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.

Поради јужното и југозападното воздушно струење, во петок (22 август) над Македонија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.

За време на викендот (сабота и недела 23/24 август) поради продор на посвежа воздушна маса од север температурите позначително ќе се намалат а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Исто така за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од Република Македонија. Државата ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од Македонија. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.

Во Скопје и околината денес (понеделник 18 август) времето ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер  и со појава на град.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Попоски: Се чини дека летните горештини за ова лето 2025-то завршуваат. Европа се лади, а топлината од Африка полека ќе се повлекува кон Југ. Апелирам поради многу нестабилното време, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени, заврши Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17 август), потоа во понеделник (18 август) на многу места во Република Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.

И во Скопје и околината утре (недела 17 август) во попладневните часови, а особено во понеделник (18 август) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.

Попоски, апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Утре (недела 17 август) температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, а во понеделник (18 август) таа ќе биде малку пониска и ќе се искачува во интервалот од 25 до 33 степени, информираше Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 часа

Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец

Импресивен почеток за новата генерацијаNintendo во својот последен квартален извештај објави дека Switch 2 е продаден во 5,82 милиони примероци...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (21 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Кичево22 часа

Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно...

Спорт1 ден

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој...

Македонија1 ден

УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи...

Кичево1 ден

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во...

Храна1 ден

Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други...

Магазин1 ден

Серијата Xiaomi 16 носи големи промени и два Pro модели

Премиум серијата паметни телефони на Xiaomi досега секогаш се состоеше од три модели – основен, Pro и Ultra. Првите два...

Магазин1 ден

Кога треба да ги замените HDMI каблите?

HDMI 2.1 носи значителни предности во однос на HDMI 2.0 – поголема брзина, подобар звук и можност за 4K на...

Lifestyle1 ден

Зошто е корисно да испиеме чаша вода веднаш по будењето?

Водата е најважниот извор на живот и сочинува околу 60% од нашето тело. Редовната хидратација е клучна за добро здравје,...

НАЈЧИТАНИ