Временска прогноза
Необично пролетни температури во нашиот регион, еве до кога..
Во седмицата пред нас, поради изразеното јужно струење ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени, додека кон крајот на работната седмица истите во најтоплите централни и југоисточни предели се очекува да се искачат дури и малку над 15 степени. Високи ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.
Времето ќе биде променливо облачно, повремено со сончеви периоди. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој од четврток повремено ќе засилува на интензитет, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попски и напоменува:
Во следниот период повремено ќе има услови и за послаби локали врнежи од дожд. Во Скопје и околината продолжува променливото време, но останува релативно суво. Ќе дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени кон крајот на работната седмица.
Попоски заклучува дека нема на повидок вистинско зимско сценарио со спуштање на студен воздух од Арктикот, што значи за снег ќе почекаме.
Временска прогноза
Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите
Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.
На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.
Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.
Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.
Температурите остануваат да бидат натпросечно високи за ноември и тоа поради јужното воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.
– Апелирам поради обилните дождови кои ги очекувам особено во западните и во југозападните предели од Македонија граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, особено да бидат внимателни возачите и тие да не се движат во близина на водотеците. Исто така поради понатамошните обилни врнежи од дожд растат условите и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, особено во западните и во југозападните предели, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Во овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад и истите се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во Република Македонија до самиот крај од оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме.
И во Скопје и околината до самиот крај од оваа недела времето ќе биде многу нестабилно со чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен до силен ветер од јужен правец а можна е и појава на грмежи.
На многу места во Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 50 литри дожд) а локално и над 80 литри дожд. Најмногу врнежи ќе имаме во западните предели каде тие ќе надминат 100 литри дожд а локално тие ќе надминат дури и 150/200 литри дожд до самиот крај од оваа недела. Токму поради ова расте можноста за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, а исто така можни се и локални поплавувања. Апелирам граѓаните поради ваквата ситуација да бидат крајно внимателни.
Особено внимателни да бидат возачите и да не се движат покрај водотеците.
Значително количество на дожд ќе наврне и во делови од Скопската котлина и тоа ќе надминува 30 литри дожд.
Што се однесува пак до температурите, и тоа поради изразеното јужно воздушно струње тие остануваат без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември, за Порта.мк соопшти Славчо Попоски
