Социјални мрежи
Корисниците од „Apple“ на „Twitter“ од непознати причини ќе плаќаат повеќе пари за „син беџ / верификација“
Компанијата „Твитер“ на својот официјален профил објави дека од понеделник повторно ја пуштаат во употреба обновената верзија на услугата за претплата за синиот знак, која од непознати причини ќе биде повисока за корисниците на Apple.
Компанијата објави дека корисниците кои ќе ја потврдат својата сметка и ќе се претплатат на обновената услуга Blue Badge ќе можат да ги уредуваат своите објави, да поставуваат видеа во резолуција од 1080p за осум долари, но доколку користат iOS на Apple, тоа ќе ги чини 11 долари.
Директорите на Twitter не објаснија зошто корисниците на Apple ќе плаќаат повисока цена од другите, но медиумите шпекулираат дека ова е начин на кој сакаат да ги надоместат трошоците што се воведени за нивната апликација во Apple Store.
Твитер првично лансираше претплата со сина значка на почетокот на ноември, пред да ја суспендира бидејќи лажните сметки почнаа да никнуваат како печурки по дождот. Планирано беше да започне претплатата на 29 ноември, но и тој рок беше одложен.
Илон Маск, кој ја презеде сопственоста на Твитер во ноември, го критикуваше Apple во низа онлајн објави минатиот месец, особено напаѓајќи ја одлуката на производителот на iPhone да наплати такса од 30 проценти за купување преку апликација.
Тој потоа го обвини Apple дека се заканува дека ќе го блокира Твитер од неговата продавница за апликации и исто така обвини дека престанале да се рекламираат на неговата платформа.
Сепак, по последователниот состанок со извршниот директор на Apple, Тим Кук, Маск објави дека несогласувањето околу отстранувањето на Twitter од продавницата за апликации на Apple е решено.
И Твитер и Епл не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар на најавите.
/rts
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Социјални мрежи
„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред екран. Во продолжение ги издвојуваме најновите статистики за најпреземаните апликации во светски рамки, како и споредба по платформи и категории.
Инстаграм ја задржа водечката позиција како најпреземана апликација на глобално ниво во октомври 2025 година, достигнувајќи 52 милиони преземања. Истовремено, таа е и најпреземаната социјална апликација за истиот период.
Во септември 2025 година пак беше ChatGPT искачен на врвот како најпреземана апликација со 45 милиони преземања.
Најпопуларни апликации во светот за Октомври 2025
Инстаграм доминираше со вкупно 52 милиони превземања преку „Google Play“ и „iOS App Store“, позиционирајќи се како најбараната апликација во светот за октомври 2025, пренесува backlinko.com.
| 1. Instagram | 52 million |
| 2. TikTok | 42 million |
| 3. Facebook | 36 million |
| 4. WhatsApp | 36 million |
| 5. Temu | 36 million |
| 6. Threads | 33 million |
| 7. ChatGPT | 32 million |
| 8. Telegram | 24 million |
| 9. CapCut | 23 million |
| 10. Meesho | 21 million |
Наскоро финишираат и статистиките за најсметнувани мобилни апликации за цела година 2025.
Извор: backlinko.com
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево9 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза8 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп23 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
