Следете не

Кичево

Посебно внимание во сообраќајот на превоите како Стража поради одрони

Објавено пред

на

Архива @porta.mk

Предмалку од случајни минувачи кои проаѓаат преку превој Стража стигна патна информација од кичевска страна помеѓу с.Тајмиште и објектите на највисоката точка од превојот, дека на коловозот имало остатоци од карпи (одрони) кои одредено време претставувале опасност за одвивање на сообраќајот, така што добивме информација дека истите биле веднаш отстранети од службите.

Апелираме и препорачуваме прилагодена брзина на движење, спрема условите на патот, воедно почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на магла и одрони поради обилните дождови кои се доста застапени периодот.

Кичево

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Објавено пред

на

ФОТО: Изработка ©porta.mk / Главна фото: Międzynarodowy Festiwal Folkloru Ziem Górskich

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во центарот на градот познато како „Гórna Rówień Krupowa“, едно од најпрестижните и најстарите фолклорни фестивали од ваков тип во Европа.

Ова 56-то издание се одржува од 15 до 21 август 2025, со почеток во 10:00 часот секој ден. Исто така секоја година се натпреваруваат десетици – дури стотици – фолклорни ансамбли од целиот свет. Натпреварот е строг, а жири-от доделува Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga.

Оваа година како што веќе обзнанивме нашите учесници од КУД „Бисер“, Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија од Македонија.

Гласањето е едноставно со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Овој натпревар трае до утре 21-ви август (четврток) – 12:00ч – кога практично и завршува финалната вечер. Од тука во име на македонската традиционална народна носија која дефинитивно е нешто најубаво од нашите простори, ја даваме нашата безрезервна поддршка за да победиме!

  • За 🇲🇰 носија од Матеа кликни – ТУКА  /  За 🇲🇰 носија од Александар кликни  – ТУКА

Што се однесува до престижниот фестивал, до сега учествувале преку 700 странски групи и над 200 полски ансамбли – укажувајќи на големите димензии и реон на оваа манифестација.

Фестивалот привлекува љубители на култура, туристи, медиуми и етномузиколози од целиот свет. Вистинска традиција, културна мисија, еуфорија на народен идентитет и мост меѓу различни култури од сите страни на светот. Во оваа прилика им честитаме за одличната организација, она што ни го пренесуваат нашите учесници од Кичево таму е за сите почести.

Прочитај повеќе...

Кичево

Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

Објавено пред

на

ФОТО: Międzynarodowy Festiwal Folkloru Ziem Górskich

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.

Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.

За Матеа кликни – ТУКА

За Александар кликни  – ТУКА

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени

Објавено пред

на

©porta.mk

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.

Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известуваат од Министерството за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт22 минути

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој...

Македонија35 минути

УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи...

Кичево1 час

Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во...

Lifestyle1 час

Направете домашен кечап – без хемикалии и адитиви

Кечапот е еден од најчестите додатоци на трпезата – совршено се комбинира со помфрит, бургери, печени компири и многу други...

Магазин2 часа

Серијата Xiaomi 16 носи големи промени и два Pro модели

Премиум серијата паметни телефони на Xiaomi досега секогаш се состоеше од три модели – основен, Pro и Ultra. Првите два...

Магазин2 часа

Кога треба да ги замените HDMI каблите?

HDMI 2.1 носи значителни предности во однос на HDMI 2.0 – поголема брзина, подобар звук и можност за 4K на...

Lifestyle2 часа

Зошто е корисно да испиеме чаша вода веднаш по будењето?

Водата е најважниот извор на живот и сочинува околу 60% од нашето тело. Редовната хидратација е клучна за добро здравје,...

Македонија2 часа

(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Технологија2 часа

„Microsoft“ ќе ја прекине поддршката за „Windows 11 SE“

Microsoft официјално објави дека ќе ја прекине поддршката за Windows 11 SE – верзијата на својот оперативен систем дизајнирана специјално...

Временска прогноза4 часа

Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во...

НАЈЧИТАНИ