Следете не

Занимливости

7 работи кои ги измислиле старите Римјани, а денес не можеме без нив

Објавено пред

на

Многу работи ги земаме здраво за готово, па не се ни прашуваме: „Како се случи ова, кој го смисли ова?

Голем дел од ваквите работи се создадени во антички Рим, ви претставуваме дел од нив, само оние за кои и денес можеме да бидеме благодарни…

Книги

Иако се пишувало пред Рим, книгите што ги знаеме денес, оние со тврд повез, се создадени токму таму. Тие биле познати по името кодекс, а името се однесувало на тврдите корици кои ја штителе содржината што се наоѓала внатре. Иако таквите книги биле создадени уште во 1 век, тие релативно бавно влегле во поширока употреба и станале стандард дури во 4 век.

Апартмани

Многу станови на познати Европејци и денес се посетени како туристички атракции, па луѓето сакаат да посетуваат места каде живееле познати луѓе, за што добри примери се Коко Шанел и Зигмунд Фројд. Но, дали знаевте дека концептот на станови потекнува од антички Рим, како резултат на растот на населението и големата урбанизација. Со текот на времето, локалните архитекти почнале да градат повисоки и повисоки згради каде што различни семејства живееле во различни станбени единици.

Весник

Па, се разбира, тоа не беше весник како што го знаеме денес, не изгледаше како таков, а сликите очигледно не беа вклучени. Сепак, Римјаните постојано биле информирани за настаните во империјата, а дневните весници биле врежани во камени плочи кои биле поставени на различни места. Секако, треба да се има предвид дека со оглед на нивото на писменост, мнозинството граѓани сè уште немаа поим што е напишано. Сепак, останува забележано дека првите весници биле објавени за време на владеењето на Цезар.

Пошта

Со оглед на големината на Империјата, која опфаќаше три континенти, неопходно беше некако да се размисли и да се најде начин да се пренесат пораките до најоддалечените региони преку најефективна комуникација. Испораката на државни и приватни писма и пораки беше одговорност на курирска служба Cursus Publicus, основана од императорот Август и која функционира како прва поштенска служба во светот.

Забни импланти

Се разбира, денес би им се смееле, но 100 години п.н.е. Римскиот писател Целзус создаде водич за орална медицина, во кој наведе како да се третира губењето на забите, како и забоболката. Наодите на археолозите од 1998 година покажуваат и како тогашните жители се занимавале со „стоматологија“ во Рим. Имено, во Франција се пронајдени посмртните останки на луѓе од 1 или 2 век кои имале железен имплант, обликуван исто како изгубен заб.

Климатизација

Па, тоа не беше клима како што го знаеме денес, но Римјаните веќе имаа генијален начин да се разладат. Имено, познатите аквадукти служеле не само за испорака на вода за пиење, туку и за разладување на домовите на богатите Римјани. Имено, водата поминувала низ цевки во ѕидовите и подовите на римските куќи и на тој начин би ги разладувала домовите.

Шунка

Иако раните докази сугерираат дека шунката ја измислиле Кинезите, Римјаните ја откриле и ја вовеле во европскиот живот. Причините за тоа беа пред се потребата да се најде храна која може да стои со денови во различни услови, а месото се посолува и суши. Малку по малку, така дојдоа до шунка, производ кој денес сите со задоволство го консумираме во различни форми.

/b92

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија4 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза4 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје8 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија8 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин1 ден

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин1 ден

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle1 ден

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден1 ден

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

НАЈЧИТАНИ