Технологија
„Google Trends“ како и секоја година објави најпребарувани поими за изминатата 2022, во топ 10 е и Новак Ѓоковиќ

Зад нас е 2022 година, а Google како и секогаш традиционално објавува листа на најпребарувани поими. „Google Trends“ наведе неколку категории, а интересно е што најпребаруван термин во текот на претходната година беше „Wordle“. Тоа е онлајн игра со зборови, во која играчот се обидува да реши крстозбор и да открие непознат збор од пет букви.
Интересно е што на врвот на листата на Топ 10 најпребарувани спортисти е шампионот од Србија – Новак Ѓоковиќ, кој е и на шестото место на најпребарувани лица во текот на 2022 година.
Еве ја најинтересната листа на поими кои најмногу се пребаруваа во текот на претходната година.
Најпребарувани термини:
Wordle
Индија против Англија
Украина
Кралицата Елизабета
Индија против Јужна Африка
Светско првенство
Индија против Западни Индија
iPhone 14
Џефри Дамер
Индиската Премиер лига
Најпребарувани луѓе:
Џони Деп
Вил Смит
Ембер Херд
Владимир Путин
Крис Рок
Новак Ѓоковиќ
Ана Сорокин (Делвеј)
Ендрју Тејт
Риши Сунак
Симон Левиев
Најпребарувани филмови:
Тор: Љубов и гром
Црниот Адам
Топ Ган: Маверик
Бетмен
Енканто
Најпребарувани ТВ серии:
Еуфорија
Куќата на змејот
Витез на месечината
Гледачот
Измислување на Ана
Најпребарувани спортисти:
Новак Ѓоковиќ
Рафаел Надал
Серена Вилијамс
Манти Тео
Шон Вајт
Извор: Google Trends
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
Магазин
Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална статистика и социјални алатки за поврзување на играчите.
Што носи ажурирањето?
-
Детална статистика – корисниците ќе можат да го следат својот напредок во игрите.
-
Достигнувања – профилите ќе прикажуваат отклучени награди и успеси.
-
Социјални функции – нови опции за градење заедница и полесно поврзување со други играчи.
-
Персонализација – можност за прилагодување на корисничкиот профил.
Датум на достапност
-
23 септември 2025 – ажурирањето започнува автоматски во повеќето региони.
-
1 октомври 2025 – корисниците во Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ја добијат надградбата.
-
Google ќе извести преку е-пошта за сите промени.
Интеграција со Google Play Store
-
Новите профили ќе бидат директно интегрирани во Google Play Store, што значи дека нема повеќе потреба од користење на посебни апликации за управување со гејмерскиот идентитет.
-
Ова унифицирано решение ќе создаде централизирано место за сите гејмерски активности на мобилните уреди.
Сличности со други платформи
-
Концептот е сличен на начинот на кој Steam со години ги прикажува профилите, историјата на игри и достигнувањата на играчите.
-
Целта е полесна интеракција меѓу корисниците и поттикнување на споделувањето на успеси во игрите.
Извор: Bug
-
Кичево1 ден
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија1 ден
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили1 ден
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин1 ден
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос