Следете не

Свет

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…

Објавено пред

на

Архива ©porta.mk

Најмалку 2,720 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија е последниот биланс на жртви. Вкупниот број на повредени сега е 13,580, врз основа на информации од различни новински агенции. Многу луѓе се заробени во урнатините.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека во земјотресот биле уништени 1.710 згради, додека епицентарот на земјотресот бил регистриран во Пазарчик, а потоа следеле афтершокови. Земјотреси се почувствувани и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

 

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на Твитер им изрази сочувство на граѓаните погодени од земјотресот и додаде дека е ангажирана Управата за вонредни ситуации на Турција и други државни институции и агенции. Тој истакна дека спасувачките екипи веднаш биле испратени во подрачјата погодени од земјотресот.

Преку Министерството за надворешни работи Турција побара меѓународна помош во областа на потрагата и спасувањето.

Спасувачките тимови од Холандија и Романија се на пат кон Турција, која утрово беше погодена од разорен земјотрес, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич. Тој рече дека Координативниот центар за одговор при итни случаи на Европската унија управува со распоредувањето на спасувачките тимови од Европа.

Според Сеизмолошкиот институт на САД, земјотресот со јачина од 7,8 степени се случил во 4 часот и 17 минути по локално време, на длабочина од 17,9 километри. Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на Турција, на околу 60 километри додека врана лета од границата со Сирија.

 

Тоа е најсилниот земјотрес во Турција од 17 август 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе, од кои 1.000 во Истанбул.

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (26 октомври)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Спорт4 часа

ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско

Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит...

Магазин9 часа

Видео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори

YouTube најави дека меѓу јули 2024 и јули 2025 година ќе исплати повеќе од 8 милијарди долари на музичката индустрија,...

Кичево11 часа

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот...

Временска прогноза13 часа

Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 октомври)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија1 ден

Високи претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар

Заменик министерот Исени во работна посета на ОВР Дебар и Граничниот премин Блато Како дел од работните активности на Министерството...

Мобилни уреди1 ден

„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

Samsung подготвува силен старт за 2026 година со својата следна генерација на флагшип уреди – Galaxy S26 серијата. Најистакнатиот модел,...

Кичево2 дена

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во...

Македонија2 дена

АМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин

На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради...

НАЈЧИТАНИ