Македонија
(ВИДЕО) Спремете се за „Прилеп Outlet Weekend“ сѐ на попуст дури до -70%, шопинг настан кој ќе се одржи на 17 и 18 февруари!!

Прилепската чаршија се подготува за еден од најголемите шопинг настани „Prilep OUTLET Weekend“, планиран на 17-ти и 18 февруари. Во шопинг настанот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника… а, се добредојдени и сите останати трговци и угосители во Прилеп.
Идјата е Прилеп да претставува голем шопинг центар, шопинг мол на отворено, каде купувачите од сите градовн на Македонија ќе уживаат во шопинг попустите до 70% кои ќе ги понудат трговците, во интересните забавни содржини кои ќе се случува во старата прилепска чаршија кај Саатот, во центарот на Прилеп на плоштадот„ Методина Андонов –Ченто„ и на плоштадот „Итар Пејо“, а за најсреќните купувачи ќе следат и вредни награди .
Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавнците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебен ознака, велат организаторите. „Нашиот амблем е „мајмунче„ Знаменцето со „мајмунче на шопинг„ и постер ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој чош„- велат прилепские трговци.
Настанот „Prilep OUTLET Weekend“ е поддржан од Локалната Самоуправа на Општина Прилеп. Во инетерес на посетителите и купувачите, градот ќе обезбедува паркинг простор за сите кои ќе пристигнат во Прилеп со своите автомобили, по цена на дневен билет за паркинг, 50 ден.
Градот и прилепската чаршија предвидуваа и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17ти и 18ти ќе го посетат Прилеп на „Prilep OUTLET Weekend“, а сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјало креираната фан страна ТУКА
Македонија
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!

Денес доцна попладне околу 17:30ч во водите на охридско езеро се случила вистинска драма.
Имено како што известуваат за нашиот медиум членови од „Центар за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“ во големи водени струи и силен ветер, забележани биле луѓе на 3 педалинки и 2 суб даски како се оддалечуваат од брегот кон средина на езерото видно во паника, кои брзо по тоа скокнале во вода.
По брза интервенција на „Центар за Безбедност на Вода и Црвен Крст Охрид“ и 2 глисери веднаш се упатиле до местото и за среќа се завршило во најдобар ред, благодарение на професионалноста и брзата реакција.
Ова сведоштво со свои зборови исто така ни го раскажа и случаен гостин на плажата во Градиште кој исто така упати пофални зборови до членовите и екипата на „Центар за Безбедност на Вода и Црвен Крст Охрид“.
Македонија
(ВИДЕО) МВР со кампања за безбедно возење на е-тротинети

МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.
Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот.
Македонија
МВР: Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 заради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Исто така, а согласно Законот за возила, 39 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.
-
Кичево2 дена
На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (16 август)
-
Временска прогноза1 ден
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (17 август)
-
Македонија22 часа
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Скопје1 ден
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје
-
Скопје5 часа
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Занимливости2 часа
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата