Спорт
Вчера одржан семинар на делегати при Прва и Втора МФЛ, додека протоколот за лиценца за „ФИФА Фудбалски агент“ е следниот..
Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија вчера во Скопје одржа семинар со делегатите на натпревари во пресрет на почетокотот на вториот дел од сезоната 2022/2023 во Првата и Втора МФЛ

Во склоп на истиот семинар, Комисијата за натпревари спроведе тестирање во кое се оценуваше фудбалското знаење и надлежностите на делегатите во натпреварите од Првата и Втора МФЛ.
Воедно од ФФМ известуваат дека заинтересирани лица кои претходно (пред 2015 година) се имаат стекнато или сакаат да се стекнат со лиценца за ФИФА Фудбалски Агент тоа можат да го направат преку апликација на:
а) платформата: agents.fifa.com; (оние кои се пријавуваат прв пат, да се регистрираат како нови, оние кои веќе го имаат полагано испитот да се логираат во делот дека веќе имаат лиценца);
б) апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти;
в) успешно да го положат испитот кој го спроведува ФИФА (онлине) во организација на ФФМ;
г) доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА;
д) пред полагање на испитот да уплатат такса за организација на испитот кон ФФМ.
Во 2023 година ќе има два испити за ФИФА фудбалски агенти.
Рокови за пријавување:
• од 9 јануари 2023 до 15 март 2023 година за првиот ФИФА фудбалски испит за агенти кој ќе се одржи на 19 април 2023 година, онлине во просториите на ФФМ;
• од 1 мај 2023 до 31 јули 2023 година за вториот ФИФА фудбалски за агенти кој ќе се одржи на 20 септември 2023 година.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп20 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт24 часаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
