Следете не

Здравје и убавина

Седум здрави намирници кои треба секогаш да ги имате во вашиот фрижидер, еве и зошто..

Објавено пред

на

Потрудете се секогаш кога ќе го отворите фрижидерот во него да ги има овие седум исклучително здрави намирници. Здравјето започнува во чинијата – затоа снабдете се со овие намирници…

Јајца

Истражувањата покажуваат дека уделот на регенеративниот витамин А во кожата се зголемува за 20 проценти само по две недели редовно консумирање на јајца.

Сок од цвекло

Го стимулира протокот на крв во мозокот и го спречува или го забавува влошувањето на менталните функции. Уште една корист од цвеклото е тоа што тоа ја подобрува физичката способност.

Риба

Освен што омега 3 масните киселни ги поттикнуваат мозочните функции, ја „пополнуваат“ кожата и ги редуцираат брчките, рибата е една од намирниците кои еднакво го намалуваат ризикот од дегенеративни промени на бојата на кожата.

Сок од капини

Антиоксидансите го неутрализираат ефектот на стареење на клеточното ткиво, а американските научници откија дека сокот од капини е исклучително богат со овие материи.

Жолта пиперка

Една порција од 100 гр содржи 6,9 мг лутеолин, флавоноид кој ја оддржува оптимална функцијата на мозокот.

Киви

Колку повеќе витаминот Ц е застапен во вашата исхрана, толку повеќе сте здрави, вашата кожа е посјајна и имунитетот ви е поголем. Научниците открија дека организмот полесно го апсорбира витаминот Ц од кивито отколку оној од витаминските додатоци.

Кељ

Овој зеленчук со можеби најбогатата содржина на хранливи материи е одличен извор на фолна киселина, чиј недостаток го зголемува ризикот од загуба на слухот.

/denar

Здравје и убавина

Единствен рецепт за појак имунитет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jenny Hill

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот.

Според него, клучот е во ладната вода. Како тоа делува?

Секој ден наполнете када со ладна, па дури и ледена вода, и потопете ги стапалата за 10–15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Оваа процедура се повторува секоја вечер пред спиење.

Доколку сте подложни на вируси, настинка или кашлица, се препорачува да ја практикувате и почесто — на секои четири часа. Според Бубновски, контактот со ладна вода не само што не ја загрозува здравствената состојба, туку, напротив, го подобрува општото здравје.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Објавено пред

на

ФОТО: Towfiqu barbhuiya @ Unsplash.com

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Во последно време, многумина почнаа да го пијат оцетот на празен стомак пред појадок, што всушност не е најздравата практика.

Истражувањата од последниве години покажуваат дека јаболковиот оцет е најделотворен кога се консумира пред оброк, но во попладневните часови. Раствор од оцет и вода може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, поддржува слабеење и ја подобрува апсорпцијата на железо.

Се препорачува дневна количина од 20 мл јаболков оцет разреден со вода, но важно е ова да се пие непосредно пред јадење. На тој начин може да се постигнат следниве ефекти:

  • Стабилизација на шеќерот во крвта – Истражување од 2013 година покажа дека оцетната киселина го успорува разградувањето на јаглехидратите, што е корисно за луѓето со дијабетес тип 2. Друго истражување од 2011 година покажало дека помага и кај дијабетес тип 1.
  • Поддршка во намалување на тежината – Јаболковиот оцет го зголемува чувството на ситост, а најдобри резултати се постигнуваат кога се користи оцет со повисока концентрација на оцетна киселина.
  • Подобрување на апсорпцијата на железо – Студија од 2002 година утврдила дека оцетот ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо преку цревата.

Најдобро е оцетот да се консумира пред ручек или рана вечера. Пиењето на празен стомак, особено наутро, не се препорачува, бидејќи може да предизвика несакани појави како горушица, болки во желудникот или лошо варење. Ова посебно важи за луѓе со проблеми со дигестивниот систем.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Beau Runsten

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и двете работи. Многу е пишувано за придобивките од велосипедизмот, но вреди да се повторат за оваа активност, што меѓу другото, го радува вашиот паричник.

Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.

Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.

Калории

Возењето велосипед со околу 20 километри на час согорува 563 калории за 60 минути.

Во исто време, недоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт, поради што Светската здравствена организација препорачува возрасните на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно за да останат здрави.

И при постигнување на оваа цел, идеален партнер може да биде вашиот велосипед. Потребни се околу 20 минути возење на ден за да ја постигнете целта.

Вклопете го велосипедот во секојдневниот живот

Покрај тоа што помага да се држат голем број здравствени проблеми далеку од вас, возењето велосипед е забавна активност што можете лесно да ја вметнете во вашата дневна рутина. Нека велосипедот стане ваше превозно средство за да одите до продавница или да работите.

Возењето велосипед, со текот на времето, ќе има позитивен ефект врз вашата координација и ќе ја подобри циркулацијата, така што резултатот ќе биде побрзо закрепнување на вашето тело.

Покрај тоа, со текот на времето, ќе има зајакнување на мускулите на долниот дел од телото и подобра подвижност на одредени зглобови. Ова значи дека ова може да биде одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите и артритис.

Вие нема да се откажете толку брзо

Иако е можно вие самите некогаш да започнете физичка активност и да се откажете многу брзо, возењето велосипед не е една од таквите активности.

Луѓето кои вклучуваат велосипедизам во нивниот секојдневен живот, честопати се посветени на повеќе активности отколку оние кои почнуваат да вежбаат во теретана. За разлика од другите форми на вежбање, повеќето луѓе кои возат велосипед остануваат верни на тоа цел живот.

Возењето велосипед не ги оптеретува колената како што се прави после некое време премногу трчање или пешачење, а од друга страна не бара многу опрема како што е случај со други активности.

Затоа, следниот пат кога ќе заглавите во преполн град, додека седите зад воланот, добро размислете како еден велосипед може да ви го олесни денот и да го подобри вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје12 минути

МВР поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43)...

Кичево8 часа

Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши...

Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash Фото: Sten Ritterfeld @ unsplash
Магазин9 часа

Како батеријата на телефонот да трае цел ден? Еве три клучни совети

Денес паметните телефони се незаменливи – ги користиме за навигација, фотографирање, комуникација и пристап до информации во секое време. Но,...

Скопје10 часа

Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца...

Спорт11 часа

Просинечки најверојатно ќе биде сменет од селектор на Црна Гора, своето деби го започна со победи над Македонија и Белорусија

Роберт Просинечки повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор...

Временска прогноза12 часа

Следната седмица вистинска промена на времето

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (18 септември)

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

Технологија1 ден

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили1 ден

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

НАЈЧИТАНИ