Кичево
Малолетничка од Кичево пријавена за исчезната, додека истиот ден во с.Кнежино жител на Скопје бил каснат од куче скитник, ова се вчерашните настани…

На 15.02.2023 во ОВР Кичево, Н.С. (38) од Скопје пријави дека во селото Кнежино бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.М. (53) од кичевското село Лисичани пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 15.02.2023 во ОВР Кичево, Ѓ.Ј. (38) од Кичево пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Е.Ј. (17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Истиот ден, 15.02.2023 во 21.30 часот кај месноста „Чука“ на регионалниот пат Кичево – Осломеј, полициски службеници од ОВР Кичево ја приведоа Џ.А. (29) од Прилеп, со привремен престој во Кичево, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
За нашиот медиум информираше портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“

По повод 28 август – „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им беа доделени благодарници на вработените за нивниот долгогодишен труд, посветеност и придонес во развојот на компанијата и енергетскиот сектор во Македонија и Кичево.
На свеченоста присуствуваа раководството на „РЕК Осломеј“ Директорите г-дин Сашо Вренцоски и г-дин Агим Садику, заменик генерален Директор на „АД ЕСМ“ г-дин Реџеп Асани, Директорот на „ТЕ“ Синиша Стојкоски, Директорот на „ПЕ Рудник Осломеј“, Адил Сејдини како и бројни вработени кои со гордост го одбележаа празникот што им припаѓа ним – рударите и енергетичарите.
– „Рударите се срцето на енергетиката. Благодарение на вашиот труд, упорност и дисциплина, обезбедуваме стабилно снабдување со електрична енергија. Денес ја искажуваме нашата искрена благодарност кон сите вас, особено кон оние кои со години покажуваат професионалност и лојалност кон компанијата,“ истакна раководството пред присутните.
Со доделувањето на благодарниците, „РЕК Осломеј“ ја нагласува својата посветеност да го вреднува трудот на вработените и да го негува чувството на припадност и заедништво. Настанот заврши во свечена и пријателска атмосфера, со порака дека рударството и натаму ќе остане темел на стабилниот енергетски систем на државата.
На овој свечен настан, свечено присуствуваше и нашата екипа која оваа прилика ја користи срдечно да им го честита „Денот на рударите“ – 28 август со желби за големи успеси и врвни достигнувања во енергетскиот сектор.
Галерија:
Кичево
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со „Хемера“ и „ЦЕП Можности“, во Кичево е поставен уред што нуди современ начин за набавка на свежо млеко.
Жителите на Кичево и околината отсега можат да уживаат во природно кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“, составена од членови на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
– „Млекото што го добиваат потрошувачите е целосно свежо, со сочувани хранливи вредности, без конзерванси и додатоци, и е пласирано во строго контролирани хигиенски и температурни услови. Покрај млеко, на располагање има и сирење,“ изјави Станоја Станојоски, како претставник од манастирот.
– Г-дин Лазар Неданоски од МРФП исто така истакна дека млекоматот претставува добар пример за модернизација на фармите во земјава и нов начин на приближување на локалните земјоделски производи до потрошувачите со поддршка од ЕУ.
На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Цветан Трипуновски, кој потенцираше дека обновувањето и современиот пристап во земјоделието се меѓу главните цели на министерството.
Во рамки на промоцијата, беше организирана и посета на фармата во близина на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“, каде што е воспоставена линија за молзење крави и современа млекарница за производство на различни млечни производи.
Кичево
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.
Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.
Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
-
Временска прогноза2 дена
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 август)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (28 август)
-
Временска прогноза1 ден
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо
-
Спорт2 дена
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија
-
Македонија1 ден
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР
-
Свет1 ден
Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет