Спорт
Натпреварите од првата и втората македонска фудбалска лига ќе започнат со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во земјотресот во Турција и Сирија

Комисијата за натпревари на ФФМ денес одлучи натпреварите од 19.коло во Прва МФЛ и 16.коло од Втора МФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на почит кон трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија.
Фудбалската федерација на Македонија исто така ги истакна и списоците на предводниците судии кои ќе бидат дел од 19-то и 16-тото коло во првата, односно втората МФЛ
– Точно време и распоред на службеници во првата МФЛ – ТУКА
– Точно време и распоред на службеници во првата МФЛ – ТУКА
Спорт
Започна онлајн продажбата на билети за натпреварот Белгија – Македонија во Гент, да дадеме поддршка за Македонија на овој значаен меч!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги извести љубителите на фудбалот дека започна продажбата на билети за квалификацискиот меч за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, Белгија, помеѓу репрезентациите на Македонија и Белгија.
За македонските фанови, во согласност со правилата на УЕФА, се обезбедени околу 900 места во делот од стадионот предвиден за гостински навивачи.
Цените, определени од Фудбалската федерација на Белгија, изнесуваат 25 евра за возрасни, а билет за деца до 12 години чини 21 евро.
Продажбата се реализира преку официјалната онлајн платформа на ФФМ – ТУКА. По завршената трансакција, купувачите најпрво добиваат ваучер како потврда, а врз основа на него подоцна се издава официјалниот билет, кој се испраќа на адресата наведена при купувањето.
Доставата на билетите е електронска (преку е-mail) и се реализира најдоцна во рок од две недели.
ФФМ ги охрабрува сите навивачи да обезбедат билет и со својата поддршка да ѝ дадат дополнителен мотив на македонската репрезентација во овој значаен натпревар.
Извор: ФФМ
Спорт
Младиот дански голгетер Конрад Хардер пред трансфер во Милан?

Данскиот голгетер Конрад Хардер е пред трансфер во Милан. Според најновите информации, неговиот сегашен клуб Спортинг и италијанскиот гигант постигнале договор, па се очекува 20-годишниот напаѓач оваа недела да биде официјално претставен на „Сан Сиро“.
Хардер пристигна во Лисабон минатиот септември како дел од стратегијата на Спортинг да ја обезбеди иднината во нападот по заминувањето на Виктор Џокерес. Иако првично Милан се обидуваше да го донесе Виктор Бонифас од Баер Леверкузен, преговорите пропаднаа поради здравствени проблеми на Нигериецот, што ги натера „росонерите“ брзо да ја свртат својата насока кон данскиот талент.
Како што пренесува новинарот Николо Скира, трансферот ќе му донесе на Спортинг 23 милиони евра плус бонуси, додека Хардер ќе потпише долгорочен договор до 2030 година. Со тоа тој за првпат во кариерата ќе игра во една од петте најсилни европски лиги.
Иако неговото доаѓање е голем плус, Милан во нападот и понатаму ќе го има само Сантијаго Хименез, за кого постои интерес од други клубови. Доколку Мексиканецот замине до крајот на преодниот рок, тоа може да го отвори патот за потенцијален трансфер на Душан Влаховиќ, кој има солидни односи со Масимилијано Алегри и би можел да се најде повторно под водство на својот поранешен тренер.
Конечниот расплет околу напаѓачката линија на Милан ќе биде познат во следните денови, кога и официјално завршува летниот преоден рок.
Спорт
ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.
Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.
Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Кичево16 часа
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Македонија1 ден
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси
-
Македонија2 дена
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за вторник (26 август)
-
Македонија14 часа
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-
Автомобили13 часа
РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти