Временска прогноза
До среда заматена атмосфера со Сахарска прашина, локални дождови во најава..
Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови од оваа вечер, па во текот на целата седмица која што е пред нас во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).
Снег ќе врне само на високите планини.
До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во вечерните часови денес, како и во текот на ноќта локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер (понекаде овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ).
Температурите до среда и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, иако истите ќе бидат нешто пониски за разлика од оние кои ги имаме до денес и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.
До крајот на денов ќе дува ЗАСИЛЕН југоисточен ветер. Температурата ќе се искачува до околу 17 степени.
До среда во Атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што истата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде помешан со истата.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.
И во Скопје и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.
– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.
Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Температурите особено викендов значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).
И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.
Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите
Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.
На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.
Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.
Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија21 час„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево3 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп15 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза14 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
-
Lifestyle1 час„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
