Македонија
Важно известување од АМСМ за утре, ќе се изведуваат работи на пат кај делница „Длабочица – Чатал“

Од АМСМ известуваат дека поради изведување на работи на Минирање при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал на ден 01.03.2023 среда во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е преќин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш.
За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.
Македонија
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка.
Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, истакна МВР.
Македонија
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации – видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР за јавноста.
Македонија
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, известува МВР за јавноста.
-
Хроника2 дена
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Кичево8 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Храна17 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје17 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди
-
На денешен ден8 часа
На денешен ден – 13 мај