Следете не

Спорт

Судиска анализа за 24. коло во Прва МФЛ и 21. коло во Втора МФЛ, комисијата истакна низа погрешни проценки, додека одлуката на Бартон била исправна…

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 24. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Академија Пандев – ФК Шкупи одигран на 18.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 27, 30 и 78 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Душко Панов и Тоше Ицев;

27. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

На одбиена топка и ничив посед, на средина на теренот за игра, двајца противнички играчи тргнаа на топката, во тој момент играчот на екипата на гостите стартуваше грубо (со високо подигната нога и отворен ѓон) во главата на противникот и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради груб старт над противникот (во пределот на главата, високо подигната нога и отворен ѓон).

30. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникотсетникот на домакините, играч на екипата на гостите кој се наогаше во офсајд позиција направи движење со телото (скокна на топка за да игра со неа) меѓутоа не ја допре,топката дојде до негов соиграч кој се наогаше во дозволена позиција и постигна гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија, голот требаше да биде поништен, требаше да се досуди индиректен слободен удар за домакините (офсајд позиција) бидејки играчот на гостите кој сакаше да игра со топката и влијае на противничкиот играч, се наогаше во недозволена офсајд позиција во моментот на центаршутот (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините).

78. минута: ИСПРАВНАПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед во шеснаесетникот на гостите, сакајќи да го помине одбранбениот играч на гостите, над него од позади на долниот дел на ногата старуваше играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри  за екипата на домаќините, поради недозволен старт на нога на играч од екипата на гостите .

На останатите натпревари од  ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа

Судиска анализа на 21 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од  21. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Слога  одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 30 минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошен судија: Иван Танев и Давор Дишлиовски;

37. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот на гостите ја одби топката и таа дојде до играч на домаќините кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот  го поништи поради офсајд позиција, меѓутоа играчот на домакините во моментто кога голманот на гостите ја одби топката се наоѓаше во дозволена позиција (едно метро позади претпоследниот играч на гостите).

На натпреварот ФК Саса – ФК Тетекс одигран на 11.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 28 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошен судија: Дејан Димитриевиќ  и Филип Николов;

28. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

На една топка во шеснаесетникот на домакините скокнаа двајца играчи од домашната екипа и еден противнички играч, имаше два контакта  со топката  и последен што играше со топката (со глава) беше играчот од гостите, потоа топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот што го постигна екипата на гостите е регуларен и требаше да биде признат, бидејќи играчот на гостите во моментот на додавањето на топката од неговиот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (позади претпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Беса – ФК Беласица  одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од  4 и  59 минута.

Главен судија: Благојче Ралески; Помошен судија: Петар Степаноски и Николче Николески;

4. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден слободен удар над голман)

Играч на домаќините од удар од агол центрира топка во шеснаесетникот на гостите, топката доаѓа до негов соиграч кој ја удира топката со глава, но во ист момент го удира со рака (подлактицата)  во пределот на главата (лицето) голманот на гостите кој сака да интервенира на топка и постигнува гол.

Погрешна одлука на главниот судија, голот требаше да биде поништен и да се досуди слободен удар за голманот на гостите, поради недозволен старт на играчот на домакините  со подлактица, во пределот на лицето на голманот.

59. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

На една топка на средина на терен која не беше во ничив посед, тргнаа два противнички играчи, играчот на домаќините со отворен ѓон  и силен интенизтет стартуваше на ногата (подколеницата) на играчот на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради недозволен старт со јак интензитет (отворен ѓон) во пределот на ногата (потколеница) на играч од екипата на гостите.

На натпреварот ФК Воска – ФК Пелистер  одигран на 22.03.2023 година анализирана е ситуацијата од  87 и  90+3 минута.

Главен судија: Јосип Бартон; Помошен судија: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески;

87. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон )

Во дуел странично од голот на гостите покрај аут линијата и близу првиот помошен судија, играч од екипата на гостите во скок, со лакт го удри играчот на домаќините во пределот на главата (вратот) и направи прекршок.

Добра проценка на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен ЦРВЕН  картон за играчот на гостите поради удар со лакт во главата на противнички играч.

90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на домаќините стартуваше невнимателено и направи недозволен старт на ногата на противникот.

Добра проценка на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт на нога, од играчот на домаќините над противнички играч.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево5 часа

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад...

Македонија7 часа

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

Временска прогноза9 часа

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (9 октомври)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Хроника1 ден

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија1 ден

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили1 ден

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин1 ден

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle1 ден

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин1 ден

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

НАЈЧИТАНИ