Временска прогноза
Следува топло и стабилно време, но викендот пред нас повторно облаци..
Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено НИСКИ температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март.
Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.
Во Скопје беа измерени 2 степени.
На повеќе места е забележан умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз овошките.
Потоа во следните неколку денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Под влијание на ГОЛЕМ но и ПОСТУДЕН воздушен бран, во понеделник ќе имаме ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов ПАД на температурите.
Детали околу ова следуваат овие денови, кога состојбата ќе биде многу појасна.
За порта пишува Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври) како и утре претпладне насекаде во Република Македонија ќе има врнежи од дожд кои особено обилни и поројни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе има и локална појава на грмежи особено во западните предели.
И во Скопје и околината со оваа циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.
Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и особено во западните предели ќе достигнува брзина дури до околу 90 км/час. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме. Токму поради очекуваниот бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под стари и осамени дрвја.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и тоа поради продор на поладен воздух од север и утре (понеделник 27 октомври) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Да напоменам дека утре наутро и претпладнето на највисоките планини во северозападна Македонија (од 2000 метри па нагоре) ќе има повремен снег, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.
Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.
Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). И во Скопје и околината следува многу ветровито време со засилен, повремено силен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе има повремен локален дожд кој повремено во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи.
Се на се како што најавив пред нас е многу ветровито време па токму поради ова ве советувам да ги заштитите своите автомобили во случај на појава на силен ветер, односно истите да не ги ставате во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и се осамени. Температурите во деновите пред нас на многу места ќе се искачат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 20 степени. Во Скопје и околината исто така во деновите пред нас температурата ќе надмине 20 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија4 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Скопје3 часаСкопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
