Следете не

Спорт

Добра арбитража на судиите во Првата македонска фудбалска лига, кај второлигашите Воска добила подарок пенал

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 25. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Брегалница – ФК Тиквеш одигран на 02.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 79. минута.

Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски;

79. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон).

Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед и беше во ветувачка акција странично во близина на шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од екипата на гостите недозволено стартуваше од зад грб над играчот на домаќините и направи прекршок спречувајќи ветувачка акција.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите за недозволен старт од зад грб и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  ФК Шкендија – ФК Победа одигран на 02.04.2023 година, анализирани се ситуацииите од 32. и 54. минута.

Главен судија: Ивана Пројковска; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

32. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините сакаше да додаде топка кон свој соиграч странично во шеснаесетникот на екипата на гостите, при додавањето топката го удри во рака играч од одбраната на гостите, која му беше во природна положба (до телото) и растојанието  помеѓу двата играча беше кратко.

Исправна одлука на главниот судија која беше одлично поставена во оваа ситуација и дозволи играта да продолжи, бидејќи раката на играчот од одбраната на гостите му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу играчите беше кратко.

54. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, дојде до минимален контакт со телото на играч од одбраната на гостите и истиот тој контакт го играчот на домаќините сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија која беше одлично поставена во оваа ситуација  и дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот на играчот од одбраната на гостите над играчот од нападот на домаќините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК Шкупи – ФК Скопје одигран на 02.04.2023 година, анализирани се ситуациите од  42, 48, 51 и 81 минута.

Главен судија: Стојан Стојанов; Помошни судии: Мартин Петковски и Филип Ицковски;

42. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите  беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, играч од одбраната на домаќините стартуваше над играчот играјќи прв со топката, при што играчот на гостите падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи стартот на играчот на домаќините беше исправен и на топка.

48. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините  беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините централно од голот, играч од одбраната на гостите стартуваше на играчот на домаќините играјки прв со топката, при што играчот на домаќините падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи стартот на играчот на гостите беше исправен и на топка.

51. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостите близу гол аут линијата, до него беше голманот на гостите и направи минимален контакт со раката над играчот на домаќините (на рамото), при што истиот тој контакт играчот сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри и падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи контактот на голманот на гостите над играчот од нападот на домаќините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

81. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините сакаше да додаде топка кон свој соиграч странично во шеснаесетникот на екипата на гостите, при додавањето топката го удри во рака играч од одбраната на гостите, која му беше во природна положба (до телото) и растојанието  помеѓу двата играча беше кратко.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи раката на играчот од одбраната на гостите му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу играчите беше кратко.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 22. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 22. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Тетекс – ФК Беса одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 1. минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;

1. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите близу голманскиот простор, во моментот кога играчот сакаше да упати удар кон голот на гостите беше спречен со недозволен старт од зад грб (на ногата што требаше да шутира) од играч на екипата на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините, поради недозволен старт од зад грб (на ногата ) над играчот од нападот на домаќините.

На натпреварот  ФК Слога Виница – ФК Воска одигран на 01.04.2023 година, анализирани  се ситуациите од 39. и 57. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев  и Зоран Ангелов;

39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка и во ветувачка акција за гол во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со лизгачки старт од зад грб (на ногата, а целта му беше топката) стартуваше над играчот правејки прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за играчот на гостите поради поради недозволен лизгачки стар од зад грб (на нога) на противникот.

57. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри).

Играч од екипата на гостите беше во поседн на топка во шеснаесетникот на домаќините, голманот направи лизгачки старт на играчот и ја изби топката пред играчот, потоа топката дојде до соиграч на играчот кој упати удар кон голот и промаши, потоа судијата досуди удар од 11 метри

Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, лизгачкиот  старт на голманот беше исправен, односно голманот стигна пред играчот до топката и коректно стартуваше.

На натпреварот  ФК Арсими – ФК Караорман одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2. минута.

Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Николче Дрнковски и Владимир Митревски;

2. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч во шеснаесетникот на гостите, соиграчот со глава ја додаде топката до друг соиграч кој во моментот на додавање се наоѓаше во недозволена позиција офсајд), т.е позади претпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот требаше да се поништи и да досуди индиректен слободен удар (офсајд позиција) за екипата на гостите,бидејки играчот на екипата на домаќините кој го постигна голот при додавањето на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена позиција, зад претпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Беласица – ФК Гостивар одигран на 01.04.2023 година анализирана е ситуацијата од 59. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Ване Дупкаров;

59. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите упати удар кон голот на домаќините и постигна гол, меѓутоа во моменентот на ударот кон голот негов соиграч се наоѓаше пред голманот, во негово видно поле и во голманскиот простор, каде направи движење со телото и му попречи на голманот за да интервенира.

Исправна одлука и соработка на главниот судија со вториот помошен судија, каде што по заедничка консултација донесоа исправна одлука, голот беше поништен и досудено индиректен слободен удар (офсајд позиција) за екипата на домаќините, бидејки играчот на гостите во моментот на удар кон голот на домаќините се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домакините, пред голманот (во голманскиот простор) и во негово видно поле, спречувајки го да интервенира.

На натпреварот ФК Пелистер – ФК Детонит одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 55. минута.

Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски;

55. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СО КОРЕКЦИЈА НАД ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција).

Играч од екипата на домаќините прими топка пред голманскиот простор на гостите, упати удар кон голот на гостите и постигна гол, голманот и играч од одбраната на гостите се наоѓаа на гол линијата, вториот помошен судија не го виде играчот од одбраната на гостите дека е на гол линијата и покажа офсајд позиција, мислејќи дека играчот што го постигнува голот се наоѓа во офсајд позиција.

Исправна одлука на судијата, беше одлично поставен, целосно ја имаше играта и позиционирањето на играчите во прегледност и донесе одлична одлука, признавајќи го голот по консултација со вториот помошен судија, бидејќи и голманот и претпоследниот играч од одбраната на гостите се наоѓаа на својата гол линија.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника3 часа

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија4 часа

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили6 часа

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин6 часа

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle6 часа

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин6 часа

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин6 часа

Spotify воведува нови правила за музика со вештачка интелигенција и антиспам

Spotify објави нов сет на политики насочени кон музиката создадена со вештачка интелигенција (ВИ) и спречување на спам содржини на...

Кичево7 часа

Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за среда (8 октомври)

ОВЕН Ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите, особено кога станува збор за љубовни интереси и односи со...

Кичево19 часа

Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот...

НАЈЧИТАНИ