Следете не

Занимливости

Откриена тајната на пајажината! Еве како настанува

Објавено пред

на

Тим кинески истражувачи откри хиерархиски механизам со кој пајакот ги плете нишките на својата мрежа, што се очекува да биде корисно за производство на вештачки влакна инспирирани од пајакови мрежи.

Централната нишка на пајаковата мрежа е свилениот конец, кој има добри механички својства и бионички потенцијал за примена, но количината на природна пајакова свила е ограничена.

Како што пренесува Ксинхуа, многу истражувачи го проучуваат процесот на лачење и синтеза на централната свилена нишка кај пајаците со надеж дека ќе можат да направат вештачка синтеза.

Истражувачите од Универзитетот во Југозападна Кина се првите кои претставија геном на ниво на хромозом за пајакот Joro (Trichonephila clavate), кој има шарено тело и плете голема златна мрежа, идентификувајќи 37.607 гени за кодирање на протеини.

Главната ампуларна жлезда (млечна жлезда), изворот на свилената нишка, се состои од опашка, кесичка и издолжен канал. Истражувачите пронајдоа хиерархиска биосинтеза на супстанции како што се спидроини (главните протеини во свилената мрежа), органски киселини и липиди во различни делови на млечната жлезда.

Истражувачите ги објавија своите наоди во списанието „Nature Communications“ наведувајќи дека студијата обезбедила теоретска основа за проучување на потеклото и еволуцијата на пајаците, свилените нишки и развојот на вештачки влакна инспирирани од пајажината.

/informer

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Објавено пред

на

ФОТО: Juliana e Mariana Amorim @ Unsplash.com

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.

– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.

Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.

Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.

Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle2 часа

Како брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови

Затнатиот одвод е чест проблем во секое домаќинство — водата престанува да се исцедува, а мијалникот почнува да испушта непријатни...

Фото: CardMapr.nl @ unsplash Фото: CardMapr.nl @ unsplash
Магазин2 часа

Apple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација

Apple планира да воведе реклами во својата апликација Apple Maps, што значи дека корисниците наскоро ќе можат да гледаат платени...

Кичево3 часа

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата,...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за вторник (4 ноември)

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

Кичево20 часа

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се...

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин1 ден

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин1 ден

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години. Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни...

Фото: He Junhui @ unsplash Фото: He Junhui @ unsplash
Магазин1 ден

Xiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (3 октомври)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

НАЈЧИТАНИ