Следете не

Кичево

Вечерва КУД „Рацин“ во Кичево пред својата публика со традиционален „Велигденски концерт 2023“

Објавено пред

на

©porta.mk

По повод најголемиот Христијански празник „Велигден“, КУД „Рацин“ ја продолжува традицијата на македонскиот фолклор и изворна народна песна со најубавиот „Велигденски концерт“ кој е закажан за вечерва, вторник 18.04.2023 со почеток од 19:00 часот во големата сала од Центарот за култура во Кичево.

Истиот е проект финансиран преку годишниот конкурс на Министерство за култура за 2023 година. На овој концерт како гости доаѓаат Ансамблот „Кочо Рацин“ од Скопје.

Картите ќе чинат 100 денари, така што истите можат да се купат денес уште од 14:00ч.

Се гледаме таму, бидете дел!

Во продолжение погледнете како беше лани:

Кичево

Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда

Објавено пред

на

СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид

Објавено пред

на

ФОТО: Биро за јавна безбедност (Александар Јанев)

Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.

Прочитај повеќе...

Кичево

„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“

Објавено пред

на

ФОТО: Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево

Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.

Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.

Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.

Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.

Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:

/ПР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Месечен Хороскоп (ноември 2025)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Здравје и убавина22 часа

Пијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив

На Балканот, каде тврдокорноста е дел од секојдневието, ракијата не е само пијалок што ја придружува добрата трпеза и веселите...

Кичево23 часа

Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда

СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во...

Временска прогноза23 часа

Попоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани

Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или...

Култура23 часа

Денеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават

Денес, на 31 октомври, ја одбележуваме славата на Светиот апостол и евангелист Лука, заштитникот на лекарите и еден од најпочитуваните...

Скопје24 часа

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот

На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (31 октомври)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Кичево2 дена

Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид

Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба...

Кичево2 дена

„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“

Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со...

Фото: Imad 786 @ unsplash Фото: Imad 786 @ unsplash
Lifestyle2 дена

Совршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда

Кајганата со кремаста текстура е еден од најбрзите и највкусни оброци што можете да ги подготвите — идеален избор за...

НАЈЧИТАНИ