Спорт
Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола летово ќе добие рефлекторско осветлување, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија – Сејдини на средба со градоначалникот Коњановски

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и членовите на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Владимир Гашевски и Златко Талевски денеска остварија работна средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
На средбата се разговараше за повеќе важни прашања поврзани со инфраструктурните услови за напредокот на фудбалот во Битола.
Меѓу приоритетните прашања, главен акцент беше ставен на поставувањето на рефлекторското осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедено од страна на ФФМ во рамки на програмата „Хет – трик четири“. На состанокот е договорено во периодот што следува да бидат финализирани потребните постапки и рефлекторите да бидат поставени и ставени во функција во месец јуни.
Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија, исто така, покажаа подготвеност за поддршка на општина Битола за реализација на нови фудбалски проекти и активности, меѓу кои, како посебно важен беше истакнат проектот за реконструкција на јужната трибина, со што комплетно би се заокружил проектот за стадионот во Битола.
– „Со градоначалникот Коњановски остваривме конструктивен разговор и навистина верувам дека меѓусебно можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во Битола.
Со претходниот проект од „хет-трик“ програмата, ние веќе целосно го реконструиравме теренот со поставување на модерен дренажен систем, а по финализирањето на постапката ќе започне и поставувањето на рефлекторите на стадионот кое очекуваме да биде во функција веќе во месец јуни.
Многу поголем и позначаен проект е реконструкцијата на јужната трибина, но уверен сум дека заеднички можеме да направиме нови големи работи за стадионот во Битола, како еден од нашите најголеми фудбалски центри.
Општинскиот фудбалски Сојуз – Битола е еден од најголемите во нашата држава и благодарение и на нивната работа и посветеност, фудбалот ни е заеднички јазик во вистинска смисла и со раководните луѓе во локалната самоуправа. А, тоа е важно за подобрување на условите и напредокот. Општина Битола е пример за добра соработка и потврда дека само со заеднички напори можеме да го оствариме зацртаното“, за медиумите изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Првиот човек на општина Битола, Тони Коњановски искажа голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за активностите кои досега се реализирани, истакнувајќи дека во наредниот период како општина и во соработка со федерацијата, ќе се преземат сите обврски за заокружување на репрезентативна инфраструктура која би претставувала гордост за градот и ФК Пелистер, како еден од најголемите фудбалски брендови во државата.
На денешната средбата, присуствуваше и претседателот на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Митко Стојковски, кој ја нагласи големата поддршка од општината за фудбалскиот клуб и ги посочи активностите на клубот, насочени кон негова стабилизација. Нашиот легендарен фудбалер, иста така, ја нагласи големата помош која Фудбалската федерација на Македонија ја дава за подобрување на условите на стадионот во Битола изразувајќи благодарност и уверување дека ќе се продолжи во таа насока.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт12 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт23 часа
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Спорт2 дена
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
-
Магазин21 час
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин21 час
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн