Култура
Во петок во нашиот манастир Св. „Богородица Пречиста“ ќе се отслужи Архиерејска Литургија и Пасхална литија со Чудотворната икона до Господинец

Исполнети со пасхалната радост на Воскреснатиот наш Спасител Христос Бог, во овие празнични денови, за момент го предвкусуваме она небесно торжество за кое се стремиме живејќи овде на земјата.
Во оваа Воскресна пролет, каде природата се облекува во својата прекрасна бела цутна кошула, ни наближува празник во спомен на Царицата Небесна, Живоносниот Источник на ден 21.04 2023 (петок) со почеток во 08:30 часот, во раскошната градина на Богомајката – Пречиста, нашиот кичевски манастир „Св.Богородица – Пречиста“, ќе се отслужи Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија – веднаш после Литургијата – Пасхална литија – Покрсти во Пречиста на местото Господинец на која ќе претстои нашиот Старец Епископот Антаниски г.Партениј кој неговиот свет татковски благослов ќе го излее на нас смирените негови чеда и преку него Бог ќе ни ја удвои оваа пасхална благодат- како некогаш пророкот Илија на неговиот ученик Елисеј.
А во ова торжество не можеме да ја сокриеме радоста за присуството на нашите монашки заедници од Бигорската, Рајчичката и Кнежинската обител.
Преку нашиот медиум, со Благослов од свештениците, ги покануваме сите оние кои сакаат ова молитвено пасхално торжество да го прослават со монашката заедница и да присуствуваат.
Христос Воскресна!
Култура
Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.
Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.
– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.
Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.
Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.
– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.
Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.
Култура
122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.
Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.
Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.
Култура
Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).
На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како покровител на полициските и безбедносните сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Помеѓу возилото и Еордијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна изобразба на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древен Рим. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.
Традиционално, пред почетокот на Еордијата (Литија), во храмот на Св. Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот исто така ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.
На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, кој ќе биде изведен од страна на чуварите на нашата богата фолклорна традиција: „Ансамбл Македонија“.
Од надлежните служби: Во оваа прилика ги потсетуваме сите пилоти на беспилотни летала: Посебно да се внимава на последната регулатива изгласана со закон за пилоти на беспилотни летала (дронови), да се придржуваат кон правилата и законските регулативи (Правилник за воздухоплови без екипаж) за надлетување во отворен простор. Пилотите треба да поседуваат валидна лиценца и летовите да бидат најавени во согласност со правилникот, односно одобрени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во спротивно надлежните служби ќе вршат санкции според закон.
Вака беше лани:
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија18 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода