Спорт
Фудбалерите од македонската репрезентација до 17 со два контролни натпревари против Црна Гора во Бар

Младата репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Контролни дуели ќе бидат одиграни на 2 и 4 мај во Бар, Црна Гора.
Првиот меч кој ќе го одиграат Македонија и Црна Гоа на 2. мај ќе започне во 17. часот. Втората средба е на програмата на 4. мај во 12. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Вујадин Станојковиќ, за претстојниот предизвик и двомечот со Црна Гора се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.), Даниел Диковски (Кул Здравје);
Одбрана: Фљакрон Мемиши (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Бојан Ивчески (Победа), Анѓел Настевски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички);
Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Матеј Гаштаров (Вардар), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Давид Ристовски (Академија Пандев), Максимилијан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Невен Костадинов (Тиквеш), Аљмир Подграѓа (Работнички);
Напад: Веби Ислами (Шкендија), Алтин Алији (Вардар), Тарик Демишковски);
Спорт
ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.
По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.
Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.
Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.
Спорт
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел е јасна, да се вратат на победничките патеки, преку втора лига и се разбира во најсилната прва лига во натпреварувањата.
Се уредува стадионот, клубот како што е познато веќе ја има покрај себе и новата управа која ветува многу. Подмладен состав од искусни фудбалери, но и повраток на поискусните кои не беа дел, а сега се помеѓу останатите.
Бобан Дујковиќ е новиот кормилар на клубот, во тандем со искусните легенди во стручниот штаб, ќе го води најдобриот состав на кичевчани во претстојната сезона. Искусниот стратег за Порта.мк откри низа новости, позитивни ветришта кои побудуваат прекрасни чувства на секој еден љубител на фудбалот, така што ние веруваме дека за брзо, ќе дојде ден град Кичево повторно ќе прерасне во место на фудбалот, каде во недела ќе бидат сите на градски. Иако почетоците се секогаш тешки, Дујковиќ ќе стори се да се врати довербата помеѓу играчите, управата, „Ѓаоли“ и кичевчани.
Порта.мк упатува честитки, посакува само успеси и плодна работа, која несомнено ќе носи резултати кои „ФК Напредок“ и Кичево заслужуваат, време е!
Спорт
Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.
Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.
– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.
Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com
-
Кичево2 дена
ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево2 дена
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (19 август)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (20 август)
-
Македонија20 часа
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура24 часа
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Кичево2 дена
Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени