Спорт
(ВИДЕО) Одлична шутерска ноќ за Јокиќ кој го однесе Денвер во полуфиналето на Западната конференција
Денвер се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, благодарение на трипл-даблот на Никола Јокиќ и одличната шутерска вечер на Џамало Мареј. Минесота сакајќи да ја продолжи серијата остана во игра до последната минута, а нашиот претставник со поен на две и пол секунди до крајот стави точка на серијата за 112:109.
На 178 секунди до крајот Нагетс водеа со шест поени разлика – 102:96, но Едвардс и Александар Вокер ги доведоа гостите до израмнување – 102:102, Јокиќ од белата линија повторно го доведе Денвер во водство, но Таунс му одговара од другата страна. Нашиот ас го промаши ударот, но ја фаќа топката. Повторно беше непрецизен во одбојка, но беше најдобар и во скокот, па погоди при вториот обид за 106:104. Промашувањето на Едвардс се казнува со 2+1 и со тоа им носи решавачка предност на Нагетс.
BACK-TO-BACK BUCKETS FOR THE 🃏
Nuggets lead 109-104 with 0:28 to play
📺: NBA TV | Game 5 | DEN Leads 3-1#NBAPlayoffs presented by Google Pixel pic.twitter.com/Nq05XwP7W1
— NBA (@NBA) April 26, 2023
Во полуфиналето ривал на избраниците на Јокиќ ќе им биде Феникс, кој ги совлада Клиперси со 136:130 – 4:1. Букер беше ѕвезда на вечерта со 47 поени (20-15, 7-4, 6-5 м. 8 ш., 10 ас), а зад него беше Дурент со 31 поен. Ејтон постигна 21 (11 аса), а Крис Пол 15. Пауел постигна 27, Пламли постигна 20, а Зубац постигна 16 со 10 скока.
Денвер – Минесота 112:198 – 4:1
ДЕНВЕР: Јокиќ 28 (21-5, 8-3, 10-9, 17 с.к., 12 к., за 42 мин.), Мареј 35 (14-7, 9-5, 6-6, 4 ск, 5 к.), Гордон 14, Браун 14, Колдвел Поуп 10
МИНЕСОТА: Едвардс 29 (21-13, 6-0, 8 скока, 7 аса), Таунс 26 (11-8, 6-1, 9-7, 11 скока), Гобер 16 (15 скока), Вокер 14, Принс 13.
/zurnal.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
