Временска прогноза
Попоски открива какво лето е пред нас, дали ќе имаме топлотни бранови или сепак не?

Претстојното лето во Македонија барем според најновите метео анализи нема да донесе некоја екстремна топлина и екстремно топли Африкански бранови. Напротив, температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатото лето кога имавме чести и екстремно топли Африкански бранови и истите се задржуваа кај нас многу долго.
Оваа година во текот на летните месеци ќе има почести врнежи и циклонски активности. Очекуваме чести поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и локални поројни ПОПЛАВИ.
Исто така во Македонија ова лето очекуваме и почести невремиња со појава на град и на силни електрични празнења (громови). Можни се и штети поради временските непогоди кои се очекуваат. Температурите во најтоплите централни и југоисточни предели не би требало да надминуваат 40 степени, и ваквите температури ќе бидат поретки оваа година.
Во останатите предели од државава ќе биде посвежо.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, промени во оваа анлиза се можни. Граѓаните најдобро е да ги следат нашите пократкорочни метео анализи и истите се далеку попрецизни.
Летото кое е пред нас и кое ќе биде со пониски температури од изминатото лето се должи на ладењето на Атмосферата во Европа. Истото е поврзано со глобалното затоплување и топењето на мразот на Антарктикот, топењето на мразот на Антарктикот ја лади и ги намалува температурите во Европа и на Балканот.
Автор на текст: Славчо Попоски (метеоаларм)
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Автомобили2 дена
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Македонија2 дена
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Магазин2 дена
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос
-
Кичево14 минути
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!