Временска прогноза
Што се случува во атмосферата? Викендов вистинско краткотрајно лето, потоа повторно невреме и пад на температурите?!
Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ, од утре па за време на викендот температурите краткотрајно, но ЗНАЧИТЕЛНО ќе се покачат и истите речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат и до рано – летни 28 степени.
Утре и во сабота времето ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО и со повеќе сонце, а утре само во југоисточните предели ќе им а услови за локален пороен дожд проследен со ретки грмежи и тоа во попладневните часови.
Потоа од недела попладне, па во текот на следната седмица влегуваме во нов ДОЛГ период на нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на ситен град. Температурите следната седмица повторно ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.
Во текот на следната седмица температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а ќе има денови и со уште пониски температури, кога истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец мај.
Во Скопје во следните денови температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени, а во текот на следната седмица истите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат (под 20 степени) а ќе има и почести врнежи од дожд.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, Ла Ниња повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни.
Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, за јавноста информира Славчо Попоски
Временска прогноза
На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври) како и утре претпладне насекаде во Република Македонија ќе има врнежи од дожд кои особено обилни и поројни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен. Ќе има и локална појава на грмежи особено во западните предели.
И во Скопје и околината со оваа циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.
Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено и особено во западните предели ќе достигнува брзина дури до околу 90 км/час. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме. Токму поради очекуваниот бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат под стари и осамени дрвја.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат во опаѓање и тоа поради продор на поладен воздух од север и утре (понеделник 27 октомври) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 16 степени.
Да напоменам дека утре наутро и претпладнето на највисоките планини во северозападна Македонија (од 2000 метри па нагоре) ќе има повремен снег, истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (31 октомври)
-
Хороскоп18 часаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
-
Кичево1 денПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
-
Здравје и убавина1 денПијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив
-
Скопје1 денЛишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
-
Култура1 денДенеска е „Св.Апостол Лука“, честит именден и роденден на сите кои слават
-
Македонија3 часаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
