Македонија
АМСМ: Од понеделник изведување градежни работи на патот Скопје-Тетово, поставување заштитна звучна ограда и други активности
На ден 08.05.2023 год (понеделник) ќе се започне со градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово.
Исто така Ве известуваме дека на трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај, велат АМСМ во нивното известување за јавноста.
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Балкан2 денаАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Свет22 часаАмериканската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
-
Спорт1 денМакедонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
-
Спорт19 часаФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
