Скопје
Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради улична трка, ова се информациите..

На 07.05.2023 (недела) поради одржување на улична трка на 10 км насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај.
Имено со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на бул. „Илинден“– локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно до Влајков мост каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз повторно се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници каде што ќе се одвива настанот.
Скопје
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, известува МВР.
Скопје
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“, истакна МВР.
Скопје
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, соопшти МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди