Македонија
По повод јубилејната Европска регионална конференција на Интерпол, СВР Охрид презема соодветни безбедносни мерки и активности

Во врска со одржувањето на јубилејна, 50-та по ред, Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата светска полициска организација, во која членуваат 195 земји од светот, што од 08 до 11 овој месец, ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид, презема соодветни безбедносни мерки. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делагации.
Утре (07.05.2023) од 06 часот, на сила ќе биде забраната за паркирање на моторни и други возила на булевар „Македонски Просветители“, паркинг „Ваикики“, кружен тек на плоштад „Св.Климент Охридски“, кеј „Македонија“ до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ од пресекот со булеварот „Македонски просветител“ до пресекот со улицата „ Кузман Јосифовски“. Исто така , забрана за паркирање има на паркингот кај „Горна Порта“, улица „Илинденска“, паркинг кај „Долни Сарај“, паркинг кај „Св.Софија“ и улицата „Коста Абраш“. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, утре ќе презема засилено сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Мерките ќе значат непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности при што, нема значително стопирање на нормалното одвивање на сообраќајот бидејќи, предвидено е последователно и непречено пропуштање на останатите возила во сообраќајот.
Со цел непречено одвивање на мерките, деновиве СВР Охрид оствари координативни средби со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.
Со оглед на исклучително значајниот настан кој ќе се одвива во Охрид, СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации, за порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Македонија
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички.
Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик, истакна МВР.
Македонија
УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), 2.129 фирми не уплатиле аконтација за данок на добивка, додека 11.555 фирми не исплатиле плати и придонеси за своите вработени за месец јули.
Овие прекршувања не се само бројки – тие значат:
-
⚠️ Удар врз државниот буџет
-
⚠️ Повреда на работничките права
Од УЈП порачуваат дека непочитувањето на законските обврски нема да помине без последици. Неплаќањето на даноците и придонесите е удар врз буџетот и сите граѓани, додека Неисплатата на плати е директно кршење на правата на работниците“, стои во соопштението на Управата – ТУКА
-
Хроника4 часа
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (22 август)
-
Култура23 часа
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Магазин1 ден
Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец
-
Временска прогноза9 часа
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд
-
Македонија1 ден
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица