Подкаст
(ВИДЕО) Васил Јанкула познат како „Преспански Херој“, од бебе е со Церебрална парализа, но тоа не му пречи за да биде позитивен и среќен!

Во 4тата епизода го имаме херојот Васил Јанкула попознат како „Преспански Херој“, човекот кој и покрај својата состојба ја прошета цела Македонија со трицкл и со тоа стана првиот човек кој ја извозил цела ридско-брдска Македонија со педалење на 3 тркала.
Како што најави Wik, неговите поткасти ќе бидат со необичните херои и шампиони, со цел полесно и појасно да го искажат своето мислење и да се претстават пред македонската јавност.

Подкаст
(ВИДЕО) Елена Христова во најновата подкаст епизода „Какаротски муабети“, се кажаа и збор два за хитот од домаќинот „Ах тие очи зелени“

Во 12-тата епизода ја имаме прекрасната Елена Христова од култниот бенд „Баклава“. После толку м’жишча конечно имаме една дама која ќе не воодушевува со нејзиниот глас, стас и интелект.
На наше задоволство и задоволство на баба му од Виктор, а и наше секако, Елена Баклава во „какаротскине мубаети“, епизода во која го искинаја од зафркавање хост-ов за неговото музичко достигнуче, уживајте.
Подкаст
(ВИДЕО) Метеорологот Славчо Попоски во најновата 11-та подкаст епизода на „Какаротски муабети“, сѐ за времето и неговото анализирање!

Во најновата 11-та по ред епизода на „Какаротски муабети“ гостин беше нашиот соработник и дописник во областа на метеорологијата Славчо Попоски. Маркантен лик кој за себе признава дека не му е најдобра страна реториката за пред камери, но затоа пишаниот збор конкретно во она што љуби да го работи му е најдобрата страна, а за тоа говори народот кој од ден за ден сѐ повеќе го следи на социјалните мрежи како и на неговиот е-медиум „Метеоаларм“.
За тоа како почнал со метеорологија, како се анализира едно време за да биде во поголемиот дел точно, кој модели се користат и многу други работи, проследете го подкастот и уживајте во ексклузивите кои ви ги нуди м-р „Какаротски“:
Подкаст
(ВИДЕО) Со проф. Анис Сефиданис за низата нејасни работи околу најновата „AI“ технологија, не пропуштајте..

Професорот Анис Сефиданис во 4тата индустриска револуција на „Какаротски Муабети поткаС“. Ќе откриете многу нешта и истите ќе станат појасни околу целата „АИ“ технологија како и филозофијата позади истата.
Разговорот е како еден вид документарен филм за целото случување околу оваа нова индустрија.
Не пропуштајте:
-
Хроника21 час
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево23 часа
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија18 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија2 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Технологија5 минути
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони