Спорт
Прес на финалистите, Македонија ЃП како бранител на Купот, додека Струга ТЛ за прв пат во историјата ќе добие шанса за тронот
																								
												
												
											Пред нас е 30-то јубилејно финале на Купот на Македонија. Во него се среќаваат МакедонијаЃП и Струга ТЛ, екипи кои покажаа најмногу во оваа сезона во ова натпреварување и затоа заслужено се најдоа во завршниот меч кој одлучува кој ќе го добие пехарот.
Македонија ЃП е бранител на купот, додека Струга Трим Лум за првпат вo својата историја ќе биде дел од овие финални мечеви. Значи тимот од Ѓорче ќе оди по својот трет пехар, додека стружани во својот деби финален меч го очекуваат првиот трофеј.
Во пресрет на утрешниот финален меч од Купот на Македонија, прес-конференција оддржаа тренерите и капитените на двата тима.
Горан Симов – тренер на Македонија Ѓ.П.
– „Ќе играме на добар терен, против силен противник и нè очекува убаво време. Се надеваме дека тоа ќе води кон убав натпревар, вистинско финале. Струга Трим Љум го освои трофејот во Прва МФЛ и имаат одлични играчи, дел од нив многу искусни кои ги освоиле сите домашни трофеи. Ние сме максимално подготвени за финалето, мислам дека притисокот ќе биде врз противникот. Македонија Ѓорче Петров ќе направи се за да го задржи пехарот“.

Филип Мишевски – капитен на Македонија Ѓ.П.
– „Сметам дека фактот што имаме одиграно повеќе финалиња е предност за нас. Ќе биде тешко, трите нерешени средби сезонава се доказ дека ќе биде неизвесно. Македонија Ѓ.П како клуб има повеќе финалиња, но Струга Трим Љум е искусна и многу квалитетна екипа. Ќе дадеме сè од себе да го одраниме трофејот, не криеме дека одиме на победа“

Шпетим Дуро – тренер на Струга Трим Љум
– „Чест и задоволство е да се игра, да се биде учесник, да се биде тренер во едно големо куп финале за една земја. И двете екипи според она што го покажаа досега во ова натпреварување и тоа како заслужија. Кога ќе се пласираш во едно финале значи имаш квалитет, тука нема никакви дилеми. Струга Трим Лум стана шампион, тоа за нас е голема работа, го донесовме пехарот во градот Струга. Ова за нас беше историски момент. Сега ни се дава шанса да дојдеме до двојната круна и ќе се обидеме да ја искористиме оваа шанса. Очекувам добар меч, добро финале, секако очекувам триумф на нашиот тим, на Струга Трим Лум“.
Бенјамин Шабани – капитен на Струга Трим Љум
– „Кога се игра еден ваков натпревар не ти треба дополнителна мотивација, значењето на самиот меч е доволно да те мотивира. Јас сум дел од најголемите успеси на Струга Трим Лум и затоа сум горд што пред некој ден станавме шампиони во првенството, сега на ред е двојната круна. Тимот од Ѓорче заслужува голем респект. Во првенството одигравме три меча и сите завршија без победник, веројатно тоа гарантира едно неизвесно финале. Сепак, ние сме шампиони и секако дека посакувам уште еден трофеј“.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
														Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
														Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
														Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
- 
																	
										
																					Македонија2 денаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
 - 
																	
										
																			Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (3 октомври)
 - 
																	
										
																			Кичево14 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
 - 
																	
										
																			Хороскоп8 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
 - 
																	
										
																			Технологија2 дена„Google Maps“ има нова корисна функција
 - 
																	
										
																			Lifestyle20 часаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
 - 
																	
										
																			Магазин20 часаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
 - 
																	
										
																			Магазин20 часаXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
 

