Следете не

Спорт

Утре стартува финалниот турнир на „Детска лига 22/23“ во фудбал, воедно денес беа извлечени паровите за бараж за втората фудбалска лига

Објавено пред

на

Во периодот од 26. до 28. мај на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одиграат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23. Почнувајќи од утре во 13:00 часот, а заклучно со недела во 13:30 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).

Ова е само завршница на годинешното издание на Детска лига каде имавме учество на 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8500 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете распоредот за финалните турнири.

Воедно денес исто така беа извлечени паровите за бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ. Истовремено беа одредени и местата на одигрување на трите бараж натпревари за пополнување на Втора МФЛ.

Распоред на натпревари:

ЗФК Новаци 2005 – ГФК Вардар Неготини (Градски стадион Кичево);

ГФК Осогово Кочани – ФК Тетекс 1953 (стадион „Борис Трајковски”, Скопје);

ФК Башкими 1947 – ФК Влазерими 1977 (Градски стадион Тетово);

Бараж натпреварите ќе бидат одиграни на 28 мај со почеток во 17 часот.

Спорт

Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ

Објавено пред

на

©porta.mk

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени важни одлуки кои се однесуваат на организацијата и правилата во македонскиот фудбал.

Раководството на ФФМ започнува со конкретни реформи во натпреварувачкиот систем, со цел да се подобри функционирањето и квалитетот на фудбалот во земјава. Се работи на внатрешна трансформација која треба да овозможи посигурен и поуспешен развој на Македонската фудбалска лига (МФЛ), истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Повеќе информации ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската тенисерка Коко Гауф триумфираше на Ролан Гарос, совладувајќи ја Арина Сабаленка со резултат 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-4). Првиот сет беше исклучително неизвесен и исполнет со пресврти. Траеше над еден час, при што се одиграа дури осум брејка.

Сетот заврши со тај-брејк, каде што Сабаленка пропушти шанса да го освои, откако при резултат 5:5 загуби два важни поени.

Во вториот сет, Гауф веднаш направи брејк и брзо поведе со 2:0. Таа продолжи во силно темпо, направи уште еден брејк и со убедлива игра го освои сетот.

Третиот сет започна со доминација на Гауф, која освои три последователни гема. Сепак, Сабаленка се врати во игра и закани со израмнување, спасувајќи дури и меч-топка. Но, Гауф остана концентрирана и успеа да го затвори мечот во своја полза.

Со оваа победа, Коко Гауф го освои својот втор гренд слем трофеј, по успехот на Отвореното првенство на САД во 2023 година. Таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос по Серена Вилијамс во 2002 година и сега води со 6-5 во меѓусебните дуели со Сабаленка.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ/printscreen/video

Во рамки на вчерашниот успешен меч завршни зборови со фудбалерите имаа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, г-дин Масар Омерагиќ.

Тоа е она што ни требаше, констатацијата од мечот против Велс е веќе мината фаза, следува натпревар со Казахстан и 3 бода, капа долу, честитки до сите, упати селекторот!

Масар Омерагиќ: Знам дека не играте за премии, играте од срце за Македонија, но ви ветувам дека ќе бидете наградени, по што следуваа овации, аплаузи и скандирања Македонија, Македонија!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (9 јуни)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Македонија22 часа

Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед

На 07.06.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.20 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, Р.Ѓ.(58) од Штип, управувајќи...

Спорт22 часа

Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени важни одлуки кои се однесуваат на...

Култура22 часа

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како...

Временска прогноза2 дена

Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (8 јуни)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка

Американската тенисерка Коко Гауф триумфираше на Ролан Гарос, совладувајќи ја Арина Сабаленка со резултат 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 6-4)....

Спорт2 дена

(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!

Во рамки на вчерашниот успешен меч завршни зборови со фудбалерите имаа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и првиот...

Македонија2 дена

Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија2 дена

Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови

На 06.06.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Љ.Г. (60) од Македонска Каменица пријавил дека во периодот од...

НАЈЧИТАНИ