Временска прогноза
Што се случува со времето? После 10-ти јуни пад на температурите и северен ветер?!

И во текот на целата наредна седмица во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на локален попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Во случај на појава на локално НЕВРЕМЕ, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, поради тоа што се можни нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така во текот на целата наредна седмица во попладневните часови се очекува развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите остануваат како оние кои ги имавме до сега, односно ќе бидат без промени во поголем дел од следната седмица.
За вистинско лето нема никаква најава, него напротив, после 10-ти јуни на повидок е ГОЛЕМ ПАД на температурите и интензивни врнежи, како и северен ветер. Температурите тогаш ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец јуни.
Студениот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров по 10-ти јуни.
За Порта.мк истакна нашиот дописник Славчо Попоски, еден од најдобрите метеоролози во Македонија и пошироко.
Временска прогноза
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.
Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.
И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.
Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до поголема дестабилизација на атмосферата во нашата Република Македонија.
Денес (вторник 15 јули) во пладневните и во попладневните часови на повеќе места кај нас ќе има развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион очекувам појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме.
Токму поради ова, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
-
Кичево2 дена
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 јули)
-
Кичево2 дена
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (16 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?
-
Македонија2 дена
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица
-
Временска прогноза4 часа
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север